Постот на Марјанот со цените на делови за сервис баш ме заинтересира, и дојдов до идеја да направиме една база со цени за резервни делови за нашите возила.
Значи, вака:
1. Цените треба да бидат од овластените импортери и/или сервиси.
2. Цените кои ги бараме се:
- Масло (по литар)
- Филтер за воздух
- Филтер за гориво
- Филтер за масло
- Филтер за полен
- Преден фар
- Заден штоп
- Комплет предни бришачи
- Шофершајбна
- Странично стакло (предно)
Работиве ги избрав како работи кои највеќе страдаат и/или се потрошни материјали. Распрашајте се по овластените сервиси, а ќе направиме уште една тема со цени од обични продавници за резервни делови, чисто колку за споредба.
Кога ќе ги пишувате цените, пишувајте и точно за кое возило се работи (марка, модел, мотор, година на производство).
Пишувајте во темава САМО ако ги имате податоците, за да не ја гушиме со непотребни муабети.Ајде у акција дечки, ова може да биде стварно корисно.