Зависи од сервис до сервис. Што се однесува до делот со цените, не можам да се пожалам од Велиновски Куманово (Фиат, Алфа), не е поскап од сервис во „локална гаража“ (може некоја стотка на еден мал сервис, ама како редовен клиент не ми наплаќа за рака), имам гаранција на делови. Ќе го посочам случајот со татко ми и неговото Пунто 2, побара понуда за голем сервис од една локална гаража и Велиновски и доби скоро идентична понуда, со таа разлика што овластениот сервис ти дава гаранција 5 години или 80.000 км, додека од „гаражата“ му кажаа дека може да вози милион км и да не се замара. Што се однесува до другиот овластен за Фиат (Илија) немам толку добро мислење, ни во делот за односот и услугата, ниту во делот на цените, барем тука можам да направам споредба.