Јас платив (во неовластен) 2000 евра за:
1. Промена на двата ланци и сите пропратни затегачи, запчаници, лизгачи и слично (моторен ланец плус ланец за маслена пумпа), како и дихтунзи на поклопец и картер секако
2. Промена на лагери на радилица
3. Промена на каиши, ролери
4. Промена на запчаникот за ланецот на радилица (ова беше прилично labor-intensive)
5. Промена на масло во диференцијал и менувач
Од 2100 евра, 40к МКД беше работната рака. Во цената не беа вклучени новите лагери и новиот запчаник на радилица, сѐ останато беше оригинал БМВ нарачано од М Кар.
Со оглед на тоа што кај мене не треба да се вади моторот за ова, а N47 треба пошто ланецот е позади, 1200-1400 евра во неовластен е мислам прилично точна претпоставка откако ќе ги тргнеш маслата во диф и менувач, и запчаникот и лагерите што ги менував дополнително.