Ај веќе кога му ја заебавме темава на човеков да ти вратам. Сите лиценцирани сервисери одат на обука за новите модели најчесто во странство, сетоа тоа кошта пари. Тие пари треба да се извадат на некој начин. Сервисер во овластен сервис во Делчево нема иста плата и трошкови за живот како тој во Скопје, исто и трошоците димензиите и обртот на сервисот нема да му е ист. Зошто доколку сервисерот е со исто знаење и стручност како и маалскиот мајстор секогаш кога се препорачува сервисер на форумов се нагласува дека тој и тој работел во овластен па си отворил сам? Пак ќе кажам, тој салон/сервис/гаранција/логистика на бренд кошта пари, тоа треба да се плати. Сите тие луѓе што таму ти се смешкаат, климатизираната просторија додека си ја чекаш колата, кафето што го пиеш, светлото, вифито, чистачката што ќе помине после тебе, сетоа тоа е многу скапо. Нема начин да кошта исто како со делови купени од аутодок и шверцани преку граница.
Sent from my iPhone using Tapatalk