Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 439324 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10893
  • 430i
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1950 на: 20 Јануари 2023, 14:16:09 pm »
првпат читам (немам ни слушнато) дека во официјален сервис може да си донесеш сопствени материјали за промена

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1951 на: 20 Јануари 2023, 14:28:23 pm »
првпат читам (немам ни слушнато) дека во официјален сервис може да си донесеш сопствени материјали за промена
Уље земав од аутофилтер, филтрите од Солид, никој ништо не ми рече за тоа.

Sent from my Mi A3 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1952 на: 20 Јануари 2023, 14:30:58 pm »
 Јас да ви споделам ЕУ искуство од пред 2 дена, 1 час работна рака, притоа ништо не сработено, само зачистено кај што  имало флека од антифриз и едно црево "набиено"...резултат 100€ за 1 час работа. Неспособни германци, штета што немам кај да чачкам сам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1953 на: 20 Јануари 2023, 14:58:44 pm »
Јас да ви споделам ЕУ искуство од пред 2 дена, 1 час работна рака, притоа ништо не сработено, само зачистено кај што  имало флека од антифриз и едно црево "набиено"...резултат 100€ за 1 час работа. Неспособни германци, штета што немам кај да чачкам сам.
Германцине што ти работеле да не се викаат случајно Стојан, Младенчо, Бранимир, Исмаил... ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1954 на: 20 Јануари 2023, 15:01:40 pm »
Значи толку треба да си кошта работната рака. Не научивме и не научивме дека најскапата работа се времето, искуството, знаењето и експертизата. Ни наштелуваа во главите дека работната рака треба да биде евтина, бесплатна дури. Нè навикнаа дека треба да се обезвреднат човекот и неговото знаење и искуство, а само материјалните работи да се плаќаат.

Пошто работна рака е 100 евра саат, затоа си ти во Германија пријателе, не пошто германците се неспособни. Што не остана тука?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1955 на: 20 Јануари 2023, 15:05:43 pm »
А зошто да кошта работна рака 100€ од час ? Јас заработувам 15€ на час, доктор не заработува 100€ на час, а не обичен механичар т.е механичарска услуга.

Дојди прашај ги германците дали е во ред, ќе ти објаснат, остај јас странец сум .

Си има тука русин 10 пати е постручен од германските механичари и поефтин нормално..ама многу .се чека кај него, затоа и не одам таму

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1956 на: 20 Јануари 2023, 15:08:36 pm »
Не е заработката 100 евра од час. Во тие 100 евра се плаќа работникот, се плаќа неговата обука, се плаќа неговото искуство. Се плаќа опремата која ја користи, струјата за зградата, греењето за зградата, се плаќа гаранцијата што ќе ја добиеш за сработеното, итн...

Не е баш толку едноставна математиката.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1957 на: 20 Јануари 2023, 15:28:11 pm »
Не е заработката 100 евра од час. Во тие 100 евра се плаќа работникот, се плаќа неговата обука, се плаќа неговото искуство. Се плаќа опремата која ја користи, струјата за зградата, греењето за зградата, се плаќа гаранцијата што ќе ја добиеш за сработеното, итн...

Не е баш толку едноставна математиката.
Таа е теоријата да,  во реалност во многу случаи плаќаш за к*р подебел и делимично завршена работа.
Фатени црева/кабли со безвезе зип стеги, заменети стеги на црева од анрифриз со обични метални стеги за црево во двор, искапено масло по грана, несоодветно менат филтер зза полен или не менат уопште итн..

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1958 на: 20 Јануари 2023, 16:12:01 pm »
Да не помисли некој дека тука е се совршено, јас на пример еве до сега имам платено 160€, за 2 нерешени проблеми.

Првиот беше тресењето на волан, му кажав дека тркалата се балансирани пред 1 недела и дека и со друг сет е исто, ама на кој слепец му кажуваш, зеле ги балансирале пак тркалата, на едно фалело 5 грама на друго 10, од долу ништо не нашле се било супер, ајде 60€ за џабе, пак треси.

Вториот е веќе подолго време бега по малку антифриз минимално, па реков ај да средам, и исто виделе флека, зеле исчистиле, едно црево го пристегнале, ама неможеле да видат дека течело од него, да сум прател како ќе биди. Нормално дека нема да видиш ако не ја ставиш под притисок. Ајде уште 100€ за ништо.

Не дека се жалам или нешто, онака само да споделам лично искуство дека не се оправдани тие 100€ за 1 сат работна рака во Германија.

Првото искуство со овие слепци (друг сервис)од сервисери ми беше уште подобро, сменавме цела задна "рака" 600€, за еден амортизер 40€ кој тропкаше и тоа сам дома си го сменав  ::)

И во МК е исто, можи и бетер   ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1959 на: 20 Јануари 2023, 16:28:07 pm »
Значи овака, не дека во официјален не можат да се случат човечки грешки.
Еве, на и10 пред неколку години не го затегнале филтерот за уље. После 10тина дена отприлика, ја возев до Велес и таму приметив флека под мотор. На лице место таму нешто као да го стегнеме со едно алатче пришто сосема малку го набивме/вдлабивме филтерот, пошто непристапни.

Во официјалниот сервис ни А ни Б, нов филтер, ново уље, извинување + кафе.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 576
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1960 на: 20 Јануари 2023, 18:53:34 pm »
Мал и Голем Сервис на Форд Мондео 1.5 тдци во Мида:
Моторно масло                           2.771
Филтер за масло                    871
Филтер за воздух                   1.187
Филтер за гориво                   1.509
Филтер полен                           1.728
Сет Ребраст со водна пумпа   22.713
Линиски рамен                           1.052
Антифриз                                   1.642
Дестилирана вода                  48
Штопна дихтунг                   298
Работна рака Мал сервис           3.400
Работна рака Голем сервис   7.000
Вкупно 44.223

Негативно:
1. 5 саати дремев таму, кафе не ми понудија. Не е за кафето, за принципот е.
2. Морав да се вратам утре дента да достават антифриз. Ми објаснуваа повлекло нешто, ова, она, небитно, јас требаше да се вратам.
3. Не ми кажаа дека ке има поскапување на работна рака после 1ви Јануари. Јас првично се јавив во Декември за закажување, и го прашав конкретното прашање, дали ке има поскапување после 1ви и ми рекоа не.


3400 за мал сервис плус 7000 за сетот, осет да се нема.
Во гаранција ли е возилото?
Кафето поскапено е неможат да си дозволат 5 денара да почастат, непрофесионални воопшто.
Ај кажи колку време ти требаше да закажиш за истито сервис, колку телефони требаше да завртиш.
Толку шетање по телефони никој ми нема направено, звонам на официјалниот во сервис да закажам промена на масло и филтри за Куга, никој не крева,
звонам на мобилен некој Мики, еј на појадок сум барај го ГОран, Горан бил на одмор барај го  Ненад, Ненад ми даде број од Томче оти он бил на пауза за на крај Томче да ми рече кога сакаш дојди од сабајле до 9 прв да бидеш и кога отидов чекав 3 саати, не сум од Скопје.
Не е во гаранција колата, од увоз е.
Првиот сервис лани го закажав преку емаил. Додека бев таму му запишав број на Ненад, и оваа година за закажување се јавив и закажав за 1 минута.
Кога закажував замолив да ми кажат кога можам да дојдам прв од сабајле и одма да ја работат колата, така и беше.

@draganamon
Гледај позитивно, мирен си 100.000 км (или 180к е интервалот на овие мотори).
Јас би ти преорачал кај Митревски во Припор да си ја сервисираш во иднина за да избегнеш овие балони од цени.
Јас сепак треба да бидам среќен што во Виталеда ја покачиле цената на раката за мал сервис од 500 на 800 денари, гледајќи каде отидоа цените на други места.
Фала, ке погледнам Митревски .

1. Треба да си улав да чекаш за голем сервис макар и одма ја фатат да ја работат колата.
Пошто те видоа чекаш толку саати сигурно ја појачаа и работната рака, крепи овој рекоа. Извини вака, мора некој да ти го кажи ова ама, будала те направија.
Да си знаеш за друг пат, јас не те навредувам туку ти кажувам ете како 3-то лице, како изгледаше таму дури чекаше.
2. Најверојатно имаше уште воздух во системот па треба малку возење за да се исфрли и затоа падна антифризот.
Можеби. Од Аеродром сум, треба или такси да плакам или да се возам саат по автобуси, или да замарам некој другар да ме развозува низ Скопје во работено време во работен ден. Мене лично полесно ми е да почекам таму. Си земав компјутер и си поработив малце, па се прошетав до трговскиот спроти.
Но најбитното ми е да си ја земам колата, бидејки сервисот е во Јануари и ми треба колата за носење и земање децата од градинка.



Инаку, Колата, барем за мене, е релативно нова, со 104.400 км поминато. Ова и е прв голем сервис, па некако логично ми беше да го направам во Мида.
Предходната кола, Фиат Стило ја одржував прописно и 11 години никогаш не ме остави на пат. Исто ке биде и со оваа, наредниве 5 години ке биде уредно одржувана, а после ке видиме. Деновиве треба да и земам гуми. Сакам да ја носам да се стави некоја заштита однадвор, керамичка или не знам каква друга постои, кај Даме од форумов или Auto Spa Detailing, ипак колата стои на надворешен паркинг.
10.400 за работна рака ми се гледа многу, но тоа е што е, нити познавам мајстор кој работи со Форд, нити знам каде да ја однесам, така да ...

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1961 на: 20 Јануари 2023, 18:53:35 pm »
Значи овака, не дека во официјален не можат да се случат човечки грешки.
Еве, на и10 пред неколку години не го затегнале филтерот за уље. После 10тина дена отприлика, ја возев до Велес и таму приметив флека под мотор. На лице место таму нешто као да го стегнеме со едно алатче пришто сосема малку го набивме/вдлабивме филтерот, пошто непристапни.

Во официјалниот сервис ни А ни Б, нов филтер, ново уље, извинување + кафе.
There you go, ова е една од неколкуте причини зошто би одел во овластен сервис. Ако заебат работа, ќе си ја поправаат на нивни трошок. Плус, одам со закажан термин и знам дека за саат време ќе си одам дома (редовен сервис). Кај локалниот човек што ни е нас омилен ќе биде муабетот "остај ми ја попладнево, утре ќе те барам кога да си ја земеш". Тој муабет ме кошта 500+ денари у такси, плус врзан сум со моментот на "ќе те барам". Работата ми е флексибилна, ама тоа одење и враќање ме кошта. Целокупно гледано, редовен сервис ми е поевтин.

У поглед на цената: Тојота наплаќа цирка 25 евра од саат (груба математика), но тоа не значи дека вработениот зима толкава саатнина. Струја, вода, амортизација на алати и опрема, плус, ме обслужуваат 3ца вработени (прием, механичар и тетката што ми наплаќа). Кај нас е 25 евра, Германија е 100, нормално, скалесто се движат работите.

Sent from my Mi A3 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1962 на: 20 Јануари 2023, 19:55:12 pm »
Оваа цена не е за во официјален, нормален универзален сервис.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13601
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1963 на: 20 Јануари 2023, 21:11:09 pm »
Редовен сервис во Тојота:

Материјали си купив сам, 6 литри уље и 3те филтри (воздух, уље, кабински).


Wait. wait. wait.

Како тоа во официјален сервис со свои матерјали?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1964 на: 20 Јануари 2023, 21:51:48 pm »
Можеби. Од Аеродром сум, треба или такси да плакам или да се возам саат по автобуси, или да замарам некој другар да ме развозува низ Скопје во работено време во работен ден. Мене лично полесно ми е да почекам таму. Си земав компјутер и си поработив малце, па се прошетав до трговскиот спроти.

Така кажи, јас си реков по тавани се пулеше 5 сати и на телефон. Јас сепак би заминал со автобус каде што треба и ќе се вратев за земање пред затворање.