Не знам дали е за тука, ако не е се извинувам, преместете.
Второ негативно искуство со Авто Џокер Прилеп.
Првото искуство беше на мое возило W169, недозаштрафен дел од предница (долг штраф, имаше уште 3цм најмалку навој надвор). Ме убеди син му дека му носам неквалитетен дел, му реков да го извадиме делот и да го провериме, не сакаше. Појдов кај татко му и се извини, го дозаштрафи делот и колата возеше перфектно.
Втора случка - денес на Форд Фиеста МК5 2008 1.4 бензин/плин.
Купивме сет Dayco за голем сервис, филтри и Равенол масло. Другарот се одлучи таму да прави сервис, имал доверба во нив. Во ред, го однесов во 9ч наутро и ја оставивме колата. Кај 17:30ч ни се јавија дека е готова колата. Супер си пали, си прима и така натака. Отвора хауба на работа на паркинг да провериме ниво на антифриз, гледам нешто капело на ПК каишот. Имено, мајсторот го извадил казанчето за течност за сервото и цревото не го наместил назад во металните држачи, со што истекол АТФ-от (не целосно, но голема количина и е испод минимум) бидејќи цревото се стружело на ПК каишот од алтернатор. Ем ново црево што ќе треба да купи, ем монтажа, ем АТФ да тури, ем време да губи или да отсуствува од работа.
Во двата случаи од нивно непазење и непедантност двајцата сме имале негативно искуство. Мене ми шеташе предницата на Мерцедесот и можеше да се фрлам некаде, а другарот без серво остана.
Кога ќе одам на пауза ќе сликам или евентуално утре бидејќи сега е темно.
Едит:
Ги прикачивме цревцето на двата држачи.
Еве слики:


