Разлика во цена за голем сервис (сет водна пумпа и каиш) за Giulietta 1.4 MultiAir:
Аутомобиле СК (Битола) пред некој месец кога правев мал сервис ми побараа околу 24,000 денари.
Сервис Илија вчера ми рекоа дека сервисот ќе е околу 15,000 - 15,500.
И едните и другите користат ОЕМ делови, така да разликата е во маржата и работната рака, а и за Сервис Илија имам слушано драматично подобри искуства споредено со Аутомобиле СК.
Комплетите на Аутоцентар (Continental, Gates, SKF) сите се по 8 до 10 илјади денари, така да и да ги набавам деловите сам и да платам кај локален механичар, цената ќе е можда една до две илјадарки поефтина отколку овластен сервис.