Лошо искуство со Еуроимпекс:
На 15.11.2017 нарачувам компет предни и задни амортизери, ветуваат дека ќе стигнат за 3 недели (6.12.2017)
На 16.11.2017 уплаќам дел од профактурата како што се договоривме
На 4.12.2017 се јавувам дали се стигнати - добивам одговор "не се, со следната пратка следната недела"
На 11.12.2017 одам да видам дали се стигнати - добивам одговор "утре ќе стигнат, ќе ве бараме"
На 12.12.2017 не ми се јавуваат морам јас да ги барам - да стигнати се, закажуваме термин во сервис за наредниот ден (13.12.2017)
На 13.12.2017 кога е однесена колата да се стават амортизерите искача дека задните се лев и десен, а предните се два леви амортизери?!
Сега ќе чекам до 27.12.2017 бидејќи по нивното ветување тогаш ќе стигнел десниот амортизер, а знам дека ќе се одолговлече и после Нова Година.
Отидов во Еуроимпекс демек да земам ОЕМ амортизери и таму да ги монтирам, а добив:
-Каснење на деловите
-Погрешна нарачка (они се вадат дека во Франција погрешно ги спакувале два леви предни амортизер, мое мислење е дека Еуроимпекс или направиле грешка при нарачка или на некого му требал десен амортизер па го замениле штом сетот стигнал во МК)
-Однос каде јас морам цело време да се јавувам и да прашувам дали се стигнати, кога ќе бидат и слично
Да беа толку професионални колку што се прокламираат (застапници за Пежо за пар земји) ќе речеа: Извинете наша грешка е, по DHL ќе ги пратат, за 3-4 дена ќе ги имате, еве ви попуст на монтажата или нешто слично. Но не, нормално дека освен едно изнудено извинување ништо повеќе не добив, што за жал станува пракса во нашите фирми.
Повеќе од сигурен сум дека поради ваков шупачки однос во иднина Пежо кола нема да купувам, а и ќе напишам писмо до дирекцијата на Пежо за да знаат како се понашаат нивните импортери.
А да, и од сега сите делови ќе си ги носам од странство, макар ги платил и поскапо и ќе си ми ги монтираат како и до сега во Дацит - Лепенец. Еуроимпекс видов колку ги бива.