1.4 по мое мислење има доволно сила за нормално возење низ град и на отворено и солидна потрошувачка, е сега нормално кој е тркач и сака да вози 200 и да ужива имаме мотори со поголем волумен и распон на сила.
+1 и нема што повеке да се дискутира, сите оние кои сакаат со 80 коња да летаат е исто како обичен човек да се трка со атлетичар.
Реално, 9,5 е голема потрошувачка. Ти не знаеш колку повеќе од СЕ` се добива за + некое литро потрошено. Да речеме со 11 градска потрошувачка, ќе добиеш скоро дупло побрзо време до стотка
коа гледам дека југовци трошат 10-11 тогаш сосем во ред е 9.5. Во ред е тоа со 11 градска ама криза е .... нема пари па би прифатил да возам 60 коња и 20 секунди до сто само да ми троши помалце .... еве 7.5 градска е идеално.
Не мешај коли со различен систем на вбризгување на горивото во моторот. Југовците, стокецовите, опелите како мојот и останати коли постари од 20 години се со карбуратор и повеке трошат од новите коли со директно вбризгување.
Мене лично и овој опелов мотор што го имам со 40 коња ми ги задоволува потребите и за патување на отворено и досега не сум имал проблеми со совладување на нагорнини и тоа на плин. Е сега може е поспоро, али битно каде сме посакале сме отишле и сме се вратиле дома.
Уствари вие сакате да уживате или трки по аутопатиштава да правите ? Стварно не разбирам, наместо ние што сме сега со 20 години така да размислуваме, тука оние што се постари од нас наместо да ни давате совети луге полека, стрпливо, не е се во брзањето, вие само натепај гас