Мој колега по риболовот и долгогодишен пријател има шанса да ја земе гореспоменатата а долу насликаната кола.

Вујко му кој живее во Англија, тукушто го испративме на аеродром и во неврзан разговор од некаде испадна можност да се му ја донесе неговата стара кола се га во декември кога пак ќе доаѓа онака за без пари, како од вујче де нели.
На другарчево му треба најповеќе ради просторот внатре, чува пчели бајаги а и за по риба, нормално!
Прашањето ми е, колку би коштале давачките за ова возило? 2001 година е произведено, има 2.0 кубика а не знам колку коњови е?
И нормално ако некој знае нешто за овој модел, предности, маани нека сподели!
Инаку колата како што реков е од вујче му на другар ми, има поминато 160.000 со редовни сервиси, ама земаа некој си шаран или нешто слично и не ја возат па не им ни треба очигледно!
