Извозени од 3ти до 24ти Јули вкупно 5478 км, тргнувајќи од Bad Vilbel, спиење пред Вараждин (ХР), па Јагодина (СРБ) па Скопје. Оваа рута беше топ за возење, немаше никаква гужва по пат, возев брзо во Германија (150-160 голем дел од патот, преку Пасау), во Австрија по знаци, Словенија малце над, Хрватска и Србија малце побрзо од дозволеното. Од Хрватска према Србија пројдов преку Илок 2, на Батровци имаше околу 90 мин чекање. Македонска граница пројдовме за 10 минути.
За Врахос тргнавме во понеделник, имаше малце гужва на делот Прилеп према Битола, ама закрпено беше и ок се возеше. Граница на Меџитлија пројдовме се вкупно за 10-15 минути, после до Врахос голем дел се вози во една лента, затворено е другата дека ќе го обновуваат асфалтот, ама досега мал дел е завршен. И реално ова е доста досаден дел за возење, ем тунели, ем по една лента се вози, па ако се погоди шлепер се вози споро.
На враќање од Врахос на 2 патарини имаше колона 100 метри, ама со тагот одма пројдов, па заштедив вкупно можеби 10 минути. Граница пак преку Меџитлија, за 10 минути пројдовме, Битола Прилеп сега немаше ич гужва зашто беше после 16ч, јадење во Прилеп во Аванти карши Салида, одлично беше.
После 2 дена во Скопје, тргнавме за Хрватска на Корчула, во Вела Лука. Преку Косово и Србија, па Црна Гора и преспавме во Требиње. Многу убав и жив град, потсеќа на медитеранско место, а не е на море, има убава река. Полно кафани и кафичи, препорака за посета ако некого носи пат натака.
Следниот ден после бурек, кафе и сладолед во Требиње тргнавме за Корчула преку граничен премин Čepikuće. Е тука се изначекавме 90 минути, ебената регистрација за влез во ЕУ успорува ептен.
После тоа убав пат до Корчула, се качивме на траект во Оребич, 15 мин е возењето, па уште 45 мин до Вела Лука. Мало место, не е премногу развиено за туризам, но сепак убаво средено, нема премногу туристи, има доволно кафани и кафичи. Тука е погребан Оливер Драгојевиќ.
Поседовме 4 дена тука кај пријатели, па отидовме за Плитвички Езера. Се сместивме вечера то Језерце, па следниот ден ги прошетавме езерата, нешто неверојатно. Ја фативме патеката Ц, 8 км пешачење, не измори чекањето од 75 мин бродче. На крај чекавме околу 40 мин панорамски бус да не врати до почетната точка.
Од таму тргнавме за Птуј, бевме сместени на некој рид во недојдија, али беше супер. Следниот ден го прошетавме на кратко Птуј, мало е местото, па после Марибор. Убав и интересен град, чист, и посетивме Аквариум и Терариум во паркот, е тоа беше многу интересно. Покрај рибите, делото со змии е интересен, зашто некои беа многу активни, како зелената мамба, која се обидува да искочи

Од таму следна точка за преспивање беше Wernstein am Inn (Австрија), неколку км пред Пасау. Следниот ден го прошетавме Пасау, многу интересно и убаво градче, каде се спојуваат 3 реки (Ин, Дунав и Илц). Вреди да се посети исто така. Од таму уште околу 450 км до дома.
Се на се, интересно за возење, многу убави предели и места посетивме. На моменти и напорно, но после преспивање се ресетираш и немаш гајле.