Од лично искуство за возење на долги делници можам да споделам:
- Одморот пред тргнување на пат е НАЈБИТЕН. Поаѓањето треба да го темпираш секогаш после солидно спиење. Стануваш од спиење, кафе, вода во доволна количина и за 1.5 час максимум тргаш. За да може кафето да си ја направи магијата и физиолошки да се испразниш пред да тргнеш.
- Адаптивен темпомат + автоматски менувач е втората најбитна работа. Овие две работи експоненциојално го намалуваат уморот и возењето долги делници е многу лесно и не заморува. Без нив, способноста да извозиш 1000+ км во еден здив драстично се намалува.
- Паузи на секои 4 часа отприлика, и добра хидратација на сите во кола, особено ако знаеш каде ќе правиш пауза, еден саат пред паузата сите да пијат течности за да можат на паузата да се олеснат. И после да не те тераат да застануваш.
- Ако возам деца до 4 години на долга делница, секогаш практувам поаѓање пред терминот за спиење - навечер за да може да го преспијат првиот дел од патот ца.500-600 км.
- Сам човек во возило може да извози до 1000-1200км без да има физички и конгинитвни дистракции доколку горните услови се горе доле применети. После тоа би било добро да има пауза подолга со спиење или ротација со друг возач кој е одморен.
Нормално секој може да има и свои лични преференци и да извози и 2000 км без пауза за преспивање, ама уморот кој што се акумулира и напорот кој што го трпи нервниот систем е многу голем. И ризикот да направиш беља е прилично висок.
Јас лично кога возам сам, пауза правам само кога треба да допунам гориво или ако имам реална физиолошка потреба. Ама со семејството кога си во кола, е тогаш математиката е поинаква и слична на таа од горе.
За граници и чекање не би зборел многу, во темава веќе има доволно искуства споделено. Лично мислам дека чекањето на граница е чист хазард и среќа и зависи од тоа како ќе ти се погоди. Некогаш во „шпиц„ термин ќе поминеш лесно, некогаш на 19 Ноември ќе чекаш 6 саати (онака го лупнав).