Немам темпомат, Comfortline e, не идело стандардно, мислам во Highline ниво дека иде.
Имам време уште за планирање, ќе размислам за сите опции.
Иначе има разлика летно и зимно време возењето, или ван сезона, возењето од Западна Европа накај Балканот. Летно време кога се почнати распустите во Германија (среќа не почињаат сегде во исто време) пола Балкан што живее тука плус турците се спуштаат натака, а и сите други кои идат на одмор во Хрватска. За споредба, во 2021ва, од кај мене до Пореч ми требаа околу 14 саати, 1100 км, а у моментов ми дава 11ч.
Гледам Славонски Брод е исто, 1100 км, 11ч, ако стигнам до таму првиот ден, после до Скопје нема да е проблем ич, низ Србија после Белград нема гужва мислам, убав е патот плус, треба да е многу порелаксирано.