Салцбург не е планиран за престој, планиран е Грац како прва станица. Машала патарина
Не знам зашо патарина, кога веќе се плаќа вињета 
Лани у јуни се бркавме со поплавата што хараше низ Европа и успешно ја избегнавме, иако јадевме многу дожд, ветрои и ладно време. Сеа би иделе веројатно втората половина на јуни, па ваљда ќе биде поарно ебаго 
Не сум го возел делот што го посочува Филип, ама и јас се чудев зашто покрај вињетка мора и патарина (на делот Австрија-Словенија), е тоа во суштина било тунеларина или мостарина

Можеби е исто и со овие 40 еур што ги посочува Филип.
Инаку немој да го пропуштиш Салцбург.. Еден од најубави градови што сум бил и дефинитивно посети го, има што да се види (поготово ако сакаш комбинација од природа, планини и културица..).И посвети му барем 2 дена, идеално 3.
А да.. За разлика од Виена во Салцбург има и одлично еспресо (не е чудо.. Главниот сегашен лик на градот е дефиниран од страна на Италијански архитекти кои биле повикани при негова реконструкција, и живееле таму со години. Ја донеле и навиката на пиење добро кафе во градот

)
А ако проаѓаш од Тревизо обавезно посети ја фабриката на Pinarello

, и упознај го Giovanni Pinarello (основачот на Pinarello), кој што денес има 92 години и кој што мислам дека се уште сака дружење со туристи. Bergamo е интересно градче (еден ден и помалку), скокни и до Милано (Галерија Брера, Тајна вечера, Дуомо...)
Исто Милано има и канали слични на Венеција. Во Милано имам јадено најдобра пица до сега, и тоа во една Пицерија која што е тотално збутана и не е во туристичкиот дел на градот. Пицеријата постои од 1962 година, работи од 18:00 до 21:00

, и мислам дека имаа само Маргарита.. Ама сериозно најдобра пица што сум јадел (тајната е во тестото). Ако сакаш ќе ти дадам точна адреса (пристапна е со кола, и мислам дека лесно се наоѓа и паркинг таму). Пицеријава ни ја посочи пријател што има живеено во Милано, и прво мислев преувеличува дури не пробав

Исто ако можеш место да се враќаш по истиот пат (Торино-Милано), да продолжиш доле до Џенова (куќата на Колумбо, можеш неколку часови само да посветиш), да пиеш кафе во Порто Фино и да се сместиш во Сестри Леванте (Прекрасно романтично градче)


И овој престој во Сестри Леванте да го искористиш за да отидеш и до Cinque Terre со воз нема да зажалиш.


Цело Cinque Terre го проаѓаш со воз (ова се неколку мали градчиња), или ако имаш време и кондиција можеш и дел да испешачиш

п.с. Ти завидувам