Исто уште еден Hint да ти споделам. Порано резервиравме хотелски соби.. Во последниве година- две , доста го користиме airbnb.com каде што се рентаат станови и контактираш директно со сопствениците (од кога ќе ти земе провизија airbnb.com). Обично овие станови се комплет опремени (кујна, тв, систем некаков, па дури и плејстејшн и слично кај некои од нив.) Обично Сопственикот е желен да те прошета или да ти помогне ако нешто имаш нејасно или проблем, и јас обавезно барам со гаража или паркинг (Така во Виена имав подземен паркинг што следеше со станот, и кола воопшто не запалив 10 дена). Цените се како цена на хотелско спиење, па дури и поевтино, а барем за мене лично многу поудобно.
Cinque Terre е и убаво и има и историја (така се изградени на карпи куќите за да се одбранат од пиратите).
Сестри Леванте во еден од (излегува на два залива) заливите има убави кафичи каде што обавезно уморен од шетањето по Cinque Terre, нарачај чаша Chianti вино, кое ти гарантирам ќе ти легне ко никогаш

Ти кажав дека ја обожавам Италија?

Од сите места што сум бил во Италија, ако треба да направам некаква ранг листа:
1.Соренто - Прекрасна храна (најдобра Минестроне супа што сум јадел некогаш), јужен Италијански Менталитет, карши е Капри, Везув и Наполи како и Помпеи. Прекрасна природа и Историја (Помпеи мора да се види а богами и да се качи човек на Везув). Овде спиевме во хотел што порано бил манастир (неколку века). Тука сум го имал најубавото спиење во живот
1. Бари - Јужен Италијански менталитет (многу емотивен, неизглумен), најдобар Сладолед што сум јадел некогаш, убав дел од градот, црквата Свети Никола и легендата за него...Емоцијата на луѓето во стариот дел на градот (може да биде и опасен).
1. Фиренца - Култура, Уметност (мора да се види Uficci Галеријата), Архитектура, Бифтек, најдобро Еспресо во живот...
1. Рим - Светски Италијански град.. Го нема толку нагласено менталитетот и срцето на Соренто или Бари или Наполи.. Ама е градски град.. Концерти, урбана култура и слично. Рим можеш да го осетиш дури од кога ќе посетиш Колосеум, Ватикан, Шпански скали и све што е поврзано со местата што обично туристите ги гледаат. Е после тоа, почни да едноставно се изгубиш низ градот без некоја цел, и спонтано посетувај клубови, ресторани и слично, и тоа во нетуристичките делови од градот. Во Рим имам јадено најдобри Фетучини во живот, односно најдобри тестенини.. Толку беа добри, што ја замолив девојка ми да ме остави на само со нив пар минути

Нормално, во ресторан каде што делиш маса со некои непознати Италијани, нема музика во ресторанот, карирани чаршави и сите се гласни

Само треба пазење на едно место, може да те опљачкаат во близина на Термини станицата (овде има многу туристи и џепароши)
1. Cinque Terre и Сестри Леванте - Многу романтичен крај, прекрасна природа, интересна историја, фина храна
Да, сите овие ми се под реден број еден, и секој е на свој начин посебен, зависи што сакаш.. Со други зборови, не пропуштај Cinque Terre и ако не сум те зезнал испиј чаша Chianti у мое име (можеш и да ми донесеш една флаша

)
Верона на пример, мене лично не ми е нешто посебно.. Целиот штос е Јулија и Ромео, да има пар градби што треба да се видат, ама ми го нема она правото...
п.с. Пази што ни се случува шетајќи се по Сестри Леванте.. Група Италијани, пијат Еспресо и прилично гласно дискутираат нешто. Онака проаѓаме и само слушам Дарко Панчев. Не ми се верува, и онака се заслушувам, и пак они Дарко Панчев

Им пријдовме, и им кажавме дека сме од Македонија и дека се викам Дарко

Онака цели срдечни дека сме биле од иста земја со Дарко Панчев. Исто ми се случило неколку пати да ме прашаат од кај сум, и кога ќе кажам Македонија, ти викаат ... Аааа Пандев..
