нема шанси да купите половно возило, а да не му фали нешто. Ако е фер сопственикот ќе си ги каже сите мани на колата, ама такви не постојат. Кога јас го купив клиото во 2001 година супер изгледаше и возеше, се додека после 2 години отприлика не се залетав во едно такси одпозади, таксито немаше штета ама затоа клиото како што е лимот од хартија правен, хаубата до ветробранското стакло стигна едниот фар парче, за среќа радиаторот остана здрав, кога ја однесов на лимар ми викат дали сум ја удрил колата претходно, кога гледам едната шина од шасијата варена, значи колата претходно имала тешка незгода, после ја средија ја правеа шасијата фарбање китирање ова она ама скапо ме фати.
Втора случка кога го купував кангуто, механички и каросериски колата е супер, ама некој работи ми беа премолчани, на пример вратата од возачката страна тешко се затвара, колцето што го регулира парното дали ќе дува кон ветробранското или не е расипано и нормално ветувањето дека ќе добијам заден фар нов зошто е пукнат сеуште не е исполнето.
За третиов случај за пумава допрва ќе видиме какви изненадувања ќе ми приреди
