Морам да кажам една случка со купување на половно возило . Значи пред месец дена еден пријател на татко ми ме викна , да одиме да видиме некоја фиат темпра , во сарај . Отидовме таму и овој албанецот имаше 4 коли , Темпра 1.9Д , Типо 2.0 , Ауди 80 2.0 , Мерцедес 123 200Д , и овој пријателот се загреал за темпрата , а јас ја гледам колата и се гледа дека е удрена , целосно искривена , и ајде ја запаливме овој ни отвара напред уље не тече , и влегуваме да ја пробаме позади дими , ништо не се гледа назад од ретровизор , потисната и ламелата беа отидени , некој држач на мотор беше при крај на старт со мала брзина , колата цела се тресе каиш свири , задни амортизери за менување , како да ги нема , внатре маската за никаде , имаше клима само хладљак требало да се смени , електриката на џамови де работи де не , и му реков на пријателов а он труп од коли оваа не чини , за пенис не ја бива , и добро цена и бараше овој 1400 еу , и се ок си отидовме , и јас отидов за црна гора . Сега кога се вратив гледам темпрата паркирана кај овој пред зграда , го најдов викам што ова тука , вика ја земав ми се јави тој ми вика за 900 еу земи ја и плус му дал гуми , и два амортизери кој беа од некј голф 2 , арно ама овој ја земал темправа и тргнал на одмор за дојран , и во катланово колава температура , 120 застанал овој и гледа се задимено надвор , полека ја терал до катланово и некој мајстор му ја поврзал перката цело време да му врти , дека термостатот се стопил , му дал и една туба вода , а колава троши стандард по 1 , 1,5 кила вода на ден , и сега се јаде жив овој , и испаѓаме ја вадам шипката за уље , гледам уље 100 грама дали има , мене дури смеа ме фати си викам дали е можно волку арабат , кола да постои не ми се веруваше . Ете како се лажат луѓе незналици , си викаат ќе возат коли за евтини пари , а темпра сочувана има и за 1000 еу , сега човекот не спие навечер за изгубените , пари од нервоза .
А потрошњата иде накај 12 на 100 градска .