Пријателе, со среќа разбирањето со Киа, ама..
1. Ако ламелата не подложи на гаранција (а не подложи, бидејќи се смета за потрошен материјал), пиши му писмо и на Обама ако сакаш, џабе. Ти си ги прифатил тие услови кога си ја купил колата и си потпишал договор. Чао џаци.
2. Се однесуваш малку арогантно, и очекуваш ДРУГИ да ги покријат резултатите на твоето малтретирање на колата, само заради тоа што „колата е една година стара со 10.000 км“. Со среќа.
3. Сам напиша дека си ја газел колата, и тоа нова. Рецепт за проблеми.
Пак ќе ти кажам, со среќа. Заканите за пазарна инспекција, дрн-дрн ти се само тоа, закани. Мислиш дека еден импортер на возила, или било која посериозна фирма која барата со многу пари, нема пријатели на истите места каде што имаш и ти?
Како и да е, со идиотско возење, ламела се гори за 500 км, да не праиме муабет за 10.000.