Момент клучот задоволува, кај нови и чисти навои и штрафови.Од тие причини, главите не се стегаат веќе само со момент клуч туку и во степени, за да се избегнат проблемите со користени навои и штрафови.Нема веќе упатство кое стегањето на дихтунгот на главата ќе ти го даде само во Nm.Има одредна мала вредност, на која можноста од лажење е прифатлива и се понатака се стега во степени.Експериментално е утврдено на нов навој,колку степени одговараат на колку Нм.И сите критични стегања, кои се од витална важност се стегат веќе на истио начин.
Навојот на свеќичката може да биде истегнат, не мора само при стегање, може и при одвртување, зошто не е имун на полнење со гареж.При стегање со клуч на таков навој може да биде излажан клучот дека стегнал како шо треба, а не стегнал.Можеш да имаш момент клуч, но колку пати си го однесол на баждарење?.Има уреди иза тоа, дали го имаш него на работа?.Небаждарен клуч и исто толку опасен, колку и мајстор без осет.