Автор Тема: NGK spark plugs (свеќици)  (Прочитано 7185 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #15 на: 02 Септември 2012, 02:26:21 am »
ЈБГ, скопски жаргон: зема, зима ... битолски не можам - тој се пее коа се збори, па акцентот го утињам :)

OT :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
NGK za Hyundai
« Одговори #16 на: 02 Септември 2012, 14:28:04 pm »
eve nesto od reklama5 vo vrska so temava:

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=524716

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Scorpion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 470
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #17 на: 29 Септември 2012, 17:45:24 pm »
Edno prasanje. Mislite deka vredi da se investira vo specijalni svekici za LPG ili dovolni se fabrickite?

eve za sto zboram:

http://www.ngkpartfinder.co.uk/files/LPG_info.pdf

Fabricki vo Puntoto se: ZKR7A-10
Soodvetni za plin:  LPG8 
Fiat Grande Punto & Fiat Stilo

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #18 на: 29 Септември 2012, 18:11:10 pm »
Лично не мислам дека се доволни фабричките, како што (демек) мислат инсталатерите на плинските уреди. Фабричките се за моторот таков каков што е - на безнзин и нормално дека не се предвидени за на плин. Затоа пак постојат производители на свеќици кои продаваат специјални свеќици за на плин. Поскапи се нормално, прочитајте низ темиве и зошто! Како и да е, како мислите-така правете, само едно да знаете без обзир на све ... НИЈЕ СВЕЈЕДНО !!!

Отсутен Macedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #19 на: 05 Октомври 2012, 06:36:45 am »
Ako sakate original svekici. Pojdete vo fas-vas. Nema promasaj

Отсутен Scorpion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 470
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #20 на: 05 Октомври 2012, 22:36:12 pm »
vo automobile SK se poeftini nego vo Autolider i Autofilter...
Fiat Grande Punto & Fiat Stilo

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #21 на: 21 Октомври 2012, 01:28:23 am »
epa u rumstorot fabričkite bea   ngk 101905617C ednakvo so ngk ZFR6T11G, a vo tabelata gi nema ??

Отсутен plimont

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #22 на: 29 Октомври 2012, 16:59:33 pm »
Мислам дека и досега сме пишувале на тема свеќици , и веројатно во добар дел и ќе се повторам.
Иако на мене лично ми се интересни овој вид на полемики, кога секој може да ги истакне личните искуства и перцепции на работите од аспект на возач или хоби ентузијаст, како професионално ангажиран во дејноста го немам тој луксуз, па ќе треба да одговорам стандардно (т.е. сувопарно и досадно)
Во делот на свеќиците препораките на производителите на автогасни уреди се мошне едноставни и јасни – да се користат свеќици кои се предвидени од производителот на конкретното возило.
Таа препорака стои и во сервисните книшки за новите возила со предпродажно вграден плински уред и кои производителите на возила ги продаваат опремени со плински уред
Самите плински уреди се дизајнирани и се тестираат на возила со оригинални делови, без употреба на посебни свекици.
Верувањето дека сите производители на свеќици се фер и дека нема да искористат ‘финта” за да продадат што повеќе свеќици во сегментот на возила со автогасен погон морам да го споредам со верувањето на домаќинките во рекламите за нов детергент “кој све пере”. И во двата случаи следува разочарување кога ќе се покаже дека тоа е истиот стар производ во друго пакување со повисока цена.
Предноста кога се работи во фирма која блиску соработува со гигант во автомобилската индуструја како што е Ланди Рензо, е достапноста до информации за се што е поврзано со плинските уреди,  заради што сум слободен да кажам  дека многу покорисно е парите да се вложат во квалитетен производ од реномиран производител, отколку на свеќица на чија паковка има отштампано “за ЛПГ”.
На крај, Плимонт на форумите се претставува и дава мислења само под никот Плимонт, под никое друго име, и не ме радува фактот што одредени ник-ови со дел од своите постови (“демек” мислења) го користат форумот заради нечија лична корист.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: NGK spark plugs (свеќици)
« Одговори #23 на: 30 Октомври 2012, 00:14:35 am »
Цитат
На крај, Плимонт на форумите се претставува и дава мислења само под никот Плимонт, под никое друго име, и не ме радува фактот што одредени ник-ови со дел од своите постови (“демек” мислења) го користат форумот заради нечија лична корист.
     
     Ова е форум и секој има право на свое мислење што е за почит, па и право на промена на мислењето доколку другите соговорници му укажат дека греши, што исто така е за почит. Впрочем и вашето првично мислење ако не грешам беше дека треба да се користат поквалитетни свеќици од фабричките-затоа и ги продававте.

     Сегашното мислење како читам ви е
Цитат
Nie svekici veke nekolku godini ne prodavame, a seuste imame i ,,silna frakcija,, vo Plimont koja se protivi na idejata povtorno da zapocneme so prodazba na svekici.
кое лично го почитувам!

     Доколку алудиравте на мене со она „демек“ мислење
Цитат
Лично не мислам дека се доволни фабричките, како што (демек) мислат инсталатерите на плинските уреди.
  ..., сепак сте пријатели на форумов, а јас пријателите си ги почитувам!