Автор Тема: Меѓународна Возачка Дозвола  (Прочитано 85061 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #105 на: 10 Јануари 2014, 21:44:54 pm »
Нема потреба од вулгаризирање. Јас пишав смао искуства, немам намера никого да убедувам. Како што реков ако сакаш ид дозвола за во Бранкова паланка извади си, никој не ти брани.

Корегирано малце ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #106 на: 10 Јануари 2014, 21:57:09 pm »
многу му земале за шлеп бе, пријател задремал на автопат одејки накај албанија преку грција и баш пред јанина удрил лево во оградата и одење скроз десно преку ивичњаците скинал одоздоле се.... шлепот до меџитлија 600 евра беше

шлепот бил од приватна фирма претпоставувам. овде шлепот беше со полициско возило. си ги изброја 1500 европски и сега мислам дека да може ке има 5 меѓународни со себе. по една во секоја врата и за во гепек, да се најде за секој случај... наместо 15 евра истресе 1500 (адекватно да вадеше за 100 возачки за 300 години важност) слушајки пријатели како фаланга што зборат...

ааа бе не ти треба тоа бе, што ке ти го, фрли тоа, објасни му дека тоа се европски дозволи, по европски терк... и тоа би.. се објаснувал со гркот и се објаснил...

и стварно, после линкот од фило, кој е официјален линк на кој јасно и гласно си пишува дека ТРЕБА ДА СЕ ВАДИ МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА незнам зашто сеуште се дикутира по прашњето дали треба или не...

муабетов ме потсеќа на една пародија од чомовски:
дали дупиш и зошто не?

Во америка јас рентав кола со мојата возачка, а ете и Карпатиан во Австралија. Изгледа они ја признале Македонија уште од пред христа.
Патем, зошто да ја укинуваат кога сеуште има некој кој ќе плати...

во америка рента кар ке ти изрента возило без проблем. ама полиција ако те заустави ке пројдеш со проблем. немој да мешаш баби и жаби. меѓу другото карпатијан не рента возило во австралија. не шири дезинформации. он има на располагање возило. и јас во прво време имав на располагање возило. претпоставувам се работи за резервното возило во семејството кај што е сместен. и кај мене беше така.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #107 на: 10 Јануари 2014, 22:24:59 pm »
Ако не планираш никого да убедуваш, ќе се воздржиш од изјави од типот ,,фрлај тоа у канта и цепај" и ,,не си ги фрлајте парите за џабе". Кажи си дека тебе не ти затребала меѓународна, а не дека на никој никогаш не му затребала, и кога јас од мое искуство кажувам дека ми побарале, да ми кажеш дека треба да идам у ,,Џон Вејн" мод и да им држам лекции на џандари у странство.


Глуууупости. Тоа е како кога ќе кажеш „немој да ме јебеш бре“ да си максимално сериозен. Ги вадиш изјавите надвор од контекст.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #108 на: 10 Јануари 2014, 22:45:00 pm »
Јас сум лично сведок дека за во Грција треба меѓународна. Затоа што нашиот возач немаше, моравме од Турција да се враќаме преку утепаната Бугарија, a во Бугарија не ни побараа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #109 на: 10 Јануари 2014, 22:51:37 pm »
Одете во грција и понатаму :) таму да смениш идентитет ти бараат а камо ли некој си документ

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #110 на: 10 Јануари 2014, 23:24:49 pm »
Глуууупости. Тоа е како кога ќе кажеш „немој да ме јебеш бре“ да си максимално сериозен. Ги вадиш изјавите надвор од контекст.

Повели, твоите изјави:

Абе каква меѓународна дозвола, фрли тоа таму во канта и цепај.

Тоа е тоа. Со новите македонски возачки не е потребна меѓународна возачка дозвола! Не си арчите парите џабе.

Ти побараа и што? Им кажа ли дека дозволата е на интернационален јазик?
Исто како пасошот. Да не треба и пасош интернационален да биде?
Порано не ги признаваа ни возачката ни сообраќајната зошто беа на француски јазик. Сега се на англиски како што бара стандардизацијата и тоа е тоа. Како што ти служи пасош, исто ти служи и лична карта, дипломатска карта и возачка дозвола. Они нека си бараат, глупи џандари има насекаде.

1. Лажно информирање/советување и исцепавање.
2. Лажно информирање за потребата од меѓународна дозвола, кога веќе имаш нова возачка, и сугерирање да не се вади нова, пошто нели, тоа се фрлање пари за џабе.
3. Курчење и ништо повеќе од тоа.

Не гледам како тоа јас ги вадам изјавите од контекст.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #111 на: 10 Јануари 2014, 23:45:52 pm »
1. Лажно информираш дека лажно информирам/советувам, од проста причина што изрично некаде е наведено дека македонските возачки дозволи некаде се признаени.
2. :

Не вади меѓународна кога си толку сигурен дека не ти треба, ама не ги убедувај и советувај другите дека не им треба.

Јас пишав смао искуства, немам намера никого да убедувам. Како што реков ако сакаш ид дозвола за во Бачка паланка извади си, никој не ти брани.

3. Курчење, во ред нека ти биде.

Погледни и ќе видиш како ги вадиш изјавите од контекст. Јас субјективно кажувам што мислам и на што се базира моето мислење. Ти се ставаш во улога на субјективен судија и почнуваш мене да ми судиш наместо да оставиш засегнатите да си решат.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Re: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #112 на: 10 Јануари 2014, 23:48:41 pm »
Јас не им кажувам на засегнатите да ја фрлат меѓународната у канта и да цепаат, или да не вадат нова, пошто тоа било џабе фрлање пари. Ти им кажуваш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #113 на: 11 Јануари 2014, 00:06:36 am »
Јас им кажувам што мене ми кажале наводно стручни и тоа што мене лично ми било кажано во странство, ама еве ќе им кажам и следно:
http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx?UslugaID=7303ccc3-8fcd-4377-8bd6-429b3b672205
Цитат
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија дека во согласност со член 300 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за управување на возило во странство на возач од Република Македонија, врз основа на важечка возачка дозвола на Република Македонија, овластеното правно лице издава меѓународна возачка дозвола со рок на важност од 3 години.

Чисто општа информација, и дополнително:

Цитат
Почитувани, Биометриската возачка дозвола важи само за Република Македонија. За надвор од Македонија потребно е меѓународна дозвола. За подетални информации обратете се до Министерството за внатрешни работи

Така да можеме да бидеме цепачи и да глумиме судии и шварценегер или може да се обратиме во МВР или во други извори на право и да прочитаме што е пропишано.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #114 на: 11 Јануари 2014, 00:24:05 am »
Мене ми имаат барано меѓународна дозвола во Грција, и во Република Српска.

Инаку стварно ми е глупо да ризикувам да патувам надвор од МКД без да имам и меѓународна дозвола, бидејќи не вреди ризикот, па макар и стварно да не треба.

Исто, логично е да ако не ни треба меѓународна дозвола, да воопшто веќе не може да се извади. А јас колку што знам сеуште се вади.


Јас лично никогаш не би тргнал на пат надвор од МКД, без да имам валидна меѓународна, па макар и Чак Норис ми бил совозач и тоа во Опел Адам :)


Дарко

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Re: Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #115 на: 11 Јануари 2014, 00:38:21 am »
Така да можеме да бидеме цепачи и да глумиме судии и шварценегер или може да се обратиме во МВР или во други извори на право и да прочитаме што е пропишано.

No shit.

Интересно како тоа транзитираше од солење памет во рационално размислување, кога веќе ќе согледаш дека си се истресол, а не си бил у право.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #116 на: 11 Јануари 2014, 00:54:48 am »


шлепот бил од приватна фирма претпоставувам. овде шлепот беше со полициско возило. си ги изброја 1500 европски и сега мислам дека да може ке има 5 меѓународни со себе. по една во секоја врата и за во гепек, да се најде за секој случај... наместо 15 евра истресе 1500 (адекватно да вадеше за 100 возачки за 300 години важност) слушајки пријатели како фаланга што зборат..


 


 Mene ne mi e za veruvanje celata procedura so slep itn bideki i da imalo slep ke se koristel do prviot hotel ili parking za da potoa se bara nekoe resenie.
 Mozel na nekoj da se javi da dojdi od MK so vazecka megunarodna dozvola pa da go vozi voziloto.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Re: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #117 на: 11 Јануари 2014, 01:47:42 am »
Пошто тоа е помалку комплицирано и побезболно отколку вадење меѓународна пред да возиш во странство?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #118 на: 11 Јануари 2014, 09:47:35 am »
Ова меѓународнава мислам е жива глупост и во држави како грција, бугарија, србија или република српска може некој да ти побара, или некој џандар што стварно сака да те заебе. Овие нови национални возачки се по европски стандард, не знам дали имате возачка од друга ЕУ држава, но разлика НЕМА. А они мислите вадат меѓународни возачки? Живеам во Латвија и ме сопреле минимум преку 3 пати (колку што се сеќавам) им ја покажувам мојата возачка и толку. И во Полска ме сопреле, и во Словачка и пак никакви проблеми. Јас не велам да не се зема меѓународна, особено во држави како грција, бугарија итн (знаете многу добро во какви држави мислам :) ) а може некогаш и нашиве на граница ќе ти ја побараат.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #119 на: 11 Јануари 2014, 10:40:34 am »
Пошто тоа е помалку комплицирано и побезболно отколку вадење меѓународна пред да возиш во странство?

Zborot mi bese deka nekojpat lugeto sami filmovi si pravat.Ke se zamara nekoj so slep da go nosi gluposti.E sega ako izigraval nekoj selskosvarcenegerstalone silno bate toa e druga rabota.  Inaku i jas si vadam za sekoj slucaj bideki vo sobrakajot opasnosta ne e samo od zastanuvanje policaec.