-во повисока брзина моторот не е ефикасен? Стварно? 2000рпм во 4та моторот е понеефикасен отколку на 4000рпм во 2ра?
-загревањето не е е резултат на неефикасноста на моторот туку на вртежите на водната пумпа. а кај повеќето сега е елктронска и нема врска.
-повисоката температура не го заебува палењето. палењето е дизајнирано во фабрика.
-повисоката температура не предизвикува нерамномерно согорување. повисока температура е пожелна за подобро согорување.
-на ниски вртежи се случува рано палење заради нечисто масло, на високи вртежи не. фак логика.
-депозити се прават при ниски вртежи и полна гас, а потоа вели при ниски и мала гас. Вистина, претпоставуваме дека депозити се прават со пензионерско возење, иако не знаеме зошто. Ни тој не знае.
-многу поверојатно е депозитот да се одлепи при високи вртежи отколку при ниски, како што вели авторот.
-јас немам видено депозит на цилиндер на отворен мотор. Секогаш се перфектно чисти и мазни.
-другото е поврзано со рано/погрешно палење. кое во случајот е предизвикано од втор извор на енергија-депозит. Дури и да согори карбонски депозит, неговото согорување би траело 1-2 секунди. Никакви последици нема да има. За да има последици од грешно палење потребни се километри и саати. Косилиците на плин минуваат по 50.000км со грешно палење пред да цркнат.
-накратко што сака да каже авторот е, ако ја газиш на ниски вртежи, депозитот ќе се одлепи и запали и ќе пукне клип.

-Да се спаси темата за моторот и депозитите, не дозволувајте да се загади моторот со карбонски депозити, почесто менувајте масло и почесто правете италиан тјунинг на обиколница/автопат.