Кога немате пари, а ви треба средство за работа, тогаш на помош ја повикувате вашата снаодливост, малку поголема импровизација и ете ви го производот со кој ќе ја завршите работата.
Така некако размислувале и браќата Момчилов од селото Велико Средишта крај Вршац, Србија, кои од стар автомобил „мерцедес 200Д“ направиле трактор.
Тракторот бил направен за 15 дена, а целата инвестиција ги чинела околу 500-600 евра. Возилото било купено од Белград за 300 евра, а потоа со одредени преправки, но и користење на најголемиот дел од деловите од автомобилот настанал тракторот.
Шасијата е направена исто како и задната осовина, користени се делови од патничкиот автомобил, како инструмент таблата, воланот. Тракторот има 60 КС и серво волан и синхрон менувач.
Извор:
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=ECEFAD8F4A55B9448CA684B4A614E980