Брука не му даваат на народот поштено да заработи за леб.........Е како сум се изнервирал за видеово, дедото едвај продава нешто за да преживее, а овие казна да ми пишат!
Земете роба не ми пишувајте, а овој па насилен го бута........
а овие со пиперки и тикви понижење им е да земат митоПолицаец го бутнал, а дедото извадил нож!Наместо лична карта, од џебот извадил нож?!
Снимката од комуналните полицјаци Зоран Милјевиќ и Игор Џониќ од Ниш со постариот уличен продавач, е хит на Јутуб. Тој наместо да покаже лична карта, извадил нож.
Од 30 декември до вчера видеото го прегледале повеќе од 6.000 лица.
На снимката се гледа како двајцата комунални полицајци пробуваат да го легитимираат продавачот. За тоа време продавачот им нуди да земат од неговата роба без да платат и да не му пишуваат казна.
Попатно со тоа почнал да ги обвинува дека не контролираат кога некој се тепа или некој ограбува. Кога ја спакувал робата, го затворил багажникот со намера да си оди, но комуналниот полицаец Зоран грубо го бутнал со рацете и му се заканил дека ќе употреби сила и му ја побарал личната карта.
Продавачот застанал, но од внатрешниот џеб наместо лична карта извадил нож и го нападнал Милијевиќ. Во тој момент Џониќ скокнал врз дедото за да му помогне на колегата, а сето тоа завршило кога му ги ставиле лисиците на продавачот.
Милјевиќ изјавил: "Интервениравме бидејќи продавачот не сакаше да даде податоци за да му се напише казна за нелегална продажба. Повеќе пати му ја побарав личната карта, а тој не сакаше да ја покаже."
"По пропис го бутнав назад и со прст му покажав каде да застане и се заканив дека ќе употребам сила. Тој застана и извади нож од џеб. Два пати го прободе колегата Џониќ додека се обидуваше да му го земе ножот.", додал Милјевиќ.