Си бил некој чоек и си имал некоја кола брза. И си се пробвал на некој пат.
Прва..... Втора... гас до крај, и гледа до него некој коњ диги-диг - диги-диг го поминува и го гледа како на тошо...
Овај си вика Ауууу мајката, шо ќе беше ова - колата ми е спора.
Оди во гаража ја спрема колата, менува клипови, става турбини, Ја прави ракета!
Пак оди да се проба и пак истото, вози овај и коњот до него диги-диг диги-диг го поминува и пак го гледа.....
Овај типот се нервира скроз! Оди купува ферари некое, најбрзо!
И го чека коњот.
И пак се тркаат и пак коњот го поминува како од шала..............
Човеков веќе не знае што да прави и застанува кај едно продавниче тука покрај патот и пцуе.
Некој го слушнал и го прашува што е работата?
Овај вика, абе шо коњ ќе беше, 2 коли сменав кога и да се тркам со него стално ме победува.......
И продавачот: Бел коњ, со црна грива, насмеан?
Тој е тој Е!!!
Продавачот: Аааааааааа остај го тој не е нормален тој.