Автор Тема: Најдобар нов автомобил за парите  (Прочитано 33145 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #75 на: 21 Јануари 2011, 19:49:06 pm »
Кога сме кај горивото, јас откако ставам бензин (претходно нафта) на Лукоил, посреќен сум.
На дизелот приметив осетна разлика, при ладен старт и помирна работа на моторот во целиот режим. Имам уште двајца пријатели кои истото ми го потврдија (со уште двајца сум праел муабет на таа тема :) )
Со бензинецов незнам, пошто на друго место не сум наполнил.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #76 на: 21 Јануари 2011, 20:15:01 pm »
Не, не зборуваме за повишен број на вртежи кога не е дозагреан моторот. Туку на фино загреан, па кога ќе застанеш на семафор и од чиста мира ќе му текне да скокне малку и после се вража во нормала.

Иначе со Спаркот кога ќе земам 27-28 литра бензин проаѓам максимум 420 километри додека со бензин од Макпетрол поминувам најмалку 450 некогаш и до 480 се кажува со 28 литри +-

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #77 на: 22 Јануари 2011, 11:18:59 am »
Моментално најдоброто возило за парите е возило на старо. А за на ново без конкуренција:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
19,500 наполнето со 1.4ТСи
24,000 наполнето со 2.0 ТДИ ДСГ
Да си ми жив и здрав... Многу добра кола... Ама мнооогу... Имам возено верзија со 1.8 ТСи, и ме изненади у секој можен аспект. Не очекував толку добро да се понаша толкаво говедо :) Не удара многу на лепота, поготово у задницата, ама не е ни битно, пошто како пакет е закон!
ДСГ ми нема поента за ваква кола, и не знам зашто воопшто го има на понуда, ама ете... Нивно е да понудат, мое е да мрчам :)
Te прашав за лансерот нешто, ама може више си пишал, ај кажи ако знаеш. А ДСГ не го сваќај како којзнае што. Тоа е автоматикот на VW. Немора да има палки позади волан, ставо во Д и вози. Има и те како логика.
Вииш касно сум видел дека си ме прашал за Лансерот :) Извинење за доцнење...
За седанот, не знам дали и колку ја имаат подобрено звучната изолација, не сум возел седан од поновите генерации, а за Sportback (пфф :)) знам дека е подобрено, пошо лично се имам уверено. Не знам за седиштата, можеби имаш поинакви барања или очекувања, ама мене барем поприлично ми прават мерак. Доволно се меки за да ти е убаво на двете полумесечини (:)), а не премногу за да се удавиш во нив. Истовремено, нудат убаво странично држење... Обично сум пицајзла за такви работи, арно ама, еве скоро три години ќе фатат како сум со Лансерот, немам замерка за седиштата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #78 на: 22 Јануари 2011, 11:40:02 am »
И уште долго да си ми задоволен Веле-масторе... :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #79 на: 22 Јануари 2011, 11:44:09 am »
Ма батали изолаицја и тоа. Мене не ми се свиѓа лансер зашто е многу низок, бар да беше 10-тина сантими повисок
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #80 на: 22 Јануари 2011, 11:56:01 am »
Веќе има тема за Когарето. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #81 на: 22 Јануари 2011, 12:11:07 pm »
Ако де, јас да си кажам што не ми се свиѓа кај лансерот. :D ОК, бек он топик. Генерално возилото е одлично, а посебно одлично за парите. Работи кои не ми се допаѓаат е бучноста во кабината, бар кај оние кои беа актуелни во 2008 и 2009. Моторот 1.5 воопшто не ме воодушеви, ми оддаде впечаток како да се возам во мојата поранешна Фиеста 1.3. Можеби дека бевме 3-ца кога го тестиравме, ама кога ми збореа продавачите во салон ми го опишаа како муња, да се плаши човек на гас да притисне. 1.8 не пробав и верувам дека е друга приказна, ама цената за 1.8 беше "Огин и пламен го горат Брезово". Денес цените се уште по-цивилни, недостатоците со изолацијата како што се зборува се одстранети, а наскоро ќе има многу поголем избор на мотори, меѓу кои и 1.8 турбо дизел за прифатлива сума на пари.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #82 на: 22 Јануари 2011, 15:53:36 pm »
Izolacijata e podobrena  i vo mojot model, plus sum primetil deka modelite od 2008 i mojot primer imaat razlicen auspux.
Velestrumf slikaj ja tvojata od pozadi bas da potvrdime toa, mozebi toj model sto sum go videl bilo naknadno smenet.

Sedistata se top.
Ke vi spodelam edna slucka.
So eden bratuced kupivme koli vo isto vreme.
On kupi astra na novo ali ne najnoviot model.
Doaga kaj mene na cestito i sednuva kaj mene u kola i se razocara covekot od negovata astra.
Sedenjeto mu se sviga poveke i sedistata posebno. E sega ova e sepak negovo mislenje neli?

Koga baral kola probal nekolku modeli samo, ne mu teknalo za Lancer, a ne me (prasal za sovet) i eve sega kuka, premnogu platil za troma 1.4 astra i sega spored nego neudobna.

Pak ke napomenam negovo mislenje.

Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #83 на: 22 Јануари 2011, 15:58:37 pm »
Јас имам забелешка кај астрата (не најновата туку претходната), многу се меки седиштата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #84 на: 22 Јануари 2011, 21:13:24 pm »
Ма батали изолаицја и тоа. Мене не ми се свиѓа лансер зашто е многу низок, бар да беше 10-тина сантими повисок
:D :D :D
Ај ај... иаме сосема друга тема за тоа ;)

@Falanga: Данкешнзи чедо Божје, и ти саде убаини да си видиш со твојот љубимец на 4 тркала :)

@gOJDO: Ќе се согласам со тебе, дека вработените во Мицубиши добро си ја вршат работата за адвертајзинг на возилата :) Знаат често да напукаат малце, а знаат и чудно да те погледнат коа ќе им посочиш некоја маана... Ѓоамити они све знаат, а другиве смртници појма немаат :) Башка, ја си имав малце непријатна случка со нив, при набавка на дополнителна опрема, ама ај... Неврмајнд... Се’ испадна како што треба после тоа... Моторчето, мене барем ми праи мерак... Живчано е, и сака да врти... Знае да штеди (ако го штедиш :)), знае и да ти извади осмех на лицу твом :D Други мотори неам возено, така да, немам мислење за 1.8 и за дизелот.

@DENDE-LANCERED & Falanga: 1.4 Астра, барем според мене е жива труба... И не само Астрата, туку сите модели од таа класа, што ги шиткаа со таков ретардиран 1.4 мотор... Голф со 1.4 со 80 КС, Леон со истиот мотор, Форд исто со 1.4 и не знам која моќ... Филм страха и ужаса :) Додека да тргнеш, ти расте брада, ја фазонираш, остааш да подрасне уше малце, ја бричиш, и тек коа веќе си убрзал, имаш онакво брадиче „после два дена“ или попознато кај народот како „Џастин Тимбрлејк фазон“ :D Иначе ја наоѓам тежината како замерка и старите Опели, и кај поновиве... Мнооооогу ми се некако непокретни... Поготово новата Астра... Количе што од секој аспект ми праи мерак, ОСВЕН што тежи колку две ипол месечини...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #85 на: 22 Јануари 2011, 21:26:15 pm »
Труба велиш?




Не го мешај 1.4 моторчето на Опел со оние другине.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #86 на: 22 Јануари 2011, 21:41:21 pm »
@Dende-Lancered: биваше ли волкаво име да туриш... се уморуем додека да го искуцам :D Се зезам... Ениху, ке кажев, ќе пробам деноиве да штракнам нешто онака со телефон одзади на Лансерот, па ќе пуштам слики, за споредба... Ти треба генерална фотка, или да сликам нешто испод браник, издув ово-оно?

@LosiPatista: Знам дека си про-Опел и нема ништо лошо во тоа (а и да не си про-Опел, нема ништо лошо ни во тоа :)), ама мене видеава ама ич ич ни најмалку разлика не ми прават во животов, пошто сум ја возел прошлата Астра со тој мотор, и е жив грев. Како што реков, тоа е проблемот со сите такви мотори, од таа класа, во тој сегмент на возила. И новата Астра, со тој 1.6 моторот е грев. 1.4 турбо едвај чекам да возам, пошто многу мерак ми праи Астричето ново.
« Последно менување: 22 Јануари 2011, 21:44:37 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #87 на: 22 Јануари 2011, 21:59:35 pm »
Па сум имал неколку Опели во минатото, но не го бранам кај што не треба. Наспроти општото мислење, никогаш не сум кажал ниту една фалба за Corsa-та, ако не ви се верува проверете ги сите пораки ќе видите. Секогаш ги спомнувам дизелските 66 кс, ништо повеќе од тоа, не спомнувам Corsa ниту Опел. Си имам свои причини зошто возам Опел а не нешто друго. Никогаш не сум му препорачал никому да купи опел. Ова е најдолгиот муабет за Опел што го имам направено :)


За 1.4 моторот, јас го терав во Астра G, и таму добро влечеше, претпоставувам дека не е многу полош во H. На времето си беше најдобриот бензински 1.4 мотор, многу е рафиниран и прилично е тивок и не е тромав (во споредба со другите 1.4 мотори). Е сега во новата Астра која тежи тон и пол, сигурно е лош избор. Но на видеана, 1.4 моторот не заостанува многу зад помокниот Ланцер

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #88 на: 22 Јануари 2011, 22:15:25 pm »
Можеби астрата не е најбалансирано возило но сите модели на Астра беа бестселери во Европа. А имам прочитано дека само Порше и Опел ги тестираат бензинските мотори на милион километри пред да ги вградат во возило. Тоа е за респект... особено од страна на некој пензионерски расположен возач :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобар нов автомобил за парите
« Одговори #89 на: 22 Јануари 2011, 22:16:46 pm »
@DENDE-LANCERED & Falanga: 1.4 Астра, барем според мене е жива труба... И не само Астрата, туку сите модели од таа класа, што ги шиткаа со таков ретардиран 1.4 мотор... Голф со 1.4 со 80 КС, Леон со истиот мотор, Форд исто со 1.4 и не знам која моќ... Филм страха и ужаса :) Додека да тргнеш, ти расте брада, ја фазонираш, остааш да подрасне уше малце, ја бричиш, и тек коа веќе си убрзал, имаш онакво брадиче „после два дена“ или попознато кај народот како „Џастин Тимбрлејк фазон“ :D Иначе ја наоѓам тежината како замерка и старите Опели, и кај поновиве... Мнооооогу ми се некако непокретни... Поготово новата Астра... Количе што од секој аспект ми праи мерак, ОСВЕН што тежи колку две ипол месечини...

А мртва труба постои? Џастин тимберлејк еј....... сите по дома се прашуваат што се смее будалава у соба... ;D ;D ;D ;D