Автор Тема: Проблеми со официјална документација  (Прочитано 6609 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #45 на: 11 Октомври 2012, 02:37:28 am »
Во дискусија со Фиц, открив дека тежината на мојата кола во сообраќајна е скоро 1400кг (1385 или така нешто). Којзнае од каде им е таква бројка.200кг плус, ако не и повеќе.

Ајде сега Фаланга нека си иде правец таму на мерење па да праиме муабет за тежината на Спаркот, истото се однесува и за Едон со Голфот ;)

Во собраќакна кај мене пишува 850кг за Спаркот а во техничката документација пишува 910-930кг...
Утре ќе видам за кадетот и за полото. А баш би сакал да измерам некаде ако има вага колку стварно тежи спаркот.

Комуна имаат вага, кај скопски саем, а дали ке те пуштат само да измериш колата незз, ние коа носиме стари билтени, таткоми до врв го товара, и првин не мерат со товарена кола, па откако ке ја истовариш пак назад на вага. Пример со товарена тежиш 1200 кила, со празна тежиш 950 и ти пресметува колку си донел хартија. Е сеа како што ти кажав, дали ке ти дадат само да ја измериш колата незз

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #46 на: 11 Октомври 2012, 09:54:17 am »
На технички преглед ако отидете да ви ги измерат амортизерите, во принтаутот има и тежина по ќоше, лева десна напред, лева десна назад. Рачунајте дека тој тест се прави со возач во кола, па треба од вкупната тежина, сопствентата да ја одземете. Исто така, 1L бензин тежи 0.76kg и 1L плин тежи 0.55kg :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.