Спенсер, не е едноставно.
Во Германија плаќаш здравствено, односно зависи какво здравствено сакаш, за малку подобро се доплаќа.
Плаќаш различни типови на данок во зависност дали си женет/неженет/женет со деца итн.
Зависи дали сакаш или не сакаш да имаш кола.
Превоз автобуска/метро/воз карта месечна.
Дали сакаш да бидеш во центарот на градот ( без разлика кој ) или периферен дел.
Рентање на стан, овде најмалку 600 евра ќе ставам, конкретно во Франкфурт испод 700 асален нема.
Најважно, пари не можеш да напраиш освен ако не живееш на раб на рудиментарни човечки услови.
Парите ќе ги направиш кога ќе земеш ( кога ќе се здобиеш со право на кредит ) и ќе го отплатиш до пензија за да на крај го продадеш имотот од 100-200к+ илјади евра и дојдеш назад во Македонија.
Треба да се запрашаш зошто сакаш да се отселиш. Пари ? Работа ? Кариера ? Подобар живот за децата, за себе ?
Комплицирана тема.
И да, интернетот е катастрофа.