До некаде си во право АУДИ, ама да те прашам, секој во Македонија денес зима по 20к плата? Дали знаеш дека во некои семејства ден денес вкупна плата што влегува изнесува околу 20к, а денес кој нема кредит(реткост)?
Знам дека ни 500евра не се доволни месечно за да имаш некој си нормален живот и да си дозволеш што сакаш, ама никој не ги гледа тие што се подоле од себе, секој ги гледа тие што се над него.
Немој да мислеш дека секој што е во странство живее многу убаво, зошто ако не мислеш и не си педантен и се луксузираш, каде и да одеш и колку и да печалеш е џабе.
Еднаш спонав и пак ке речам, знам фамилии од Скопје што живеат во Шведска како цигани, а дојде ли лето зимаат кредит од 3-4000евра само за да се покажат во МК, демек живеат ко газди.
Секој со својата среќа и со различни амбиции во животот. Знам фамилии во Македонија што зимаат да речам по 16к ден и живеат среќно. Зошто немаат земено кредит за луксуз(или глупост), имаат некоја си кола до 2000евра и летно време се задоволуваат да отидат до Дојран или Охрид.
Пак ке кажам, секој со различни амбиции во животот.