И јас се пријавив на тој за полицаец пред 3-4 години пошто не бев вработен па да пробувам нешто, ама кога ми дојде поканата за Скопје да одам за физичкиот дел,
quit му манав, пошто за сите посебни тестови од Битола требаше да патувам па 100евра ќе летнеа така а јас дома па ќе си свиркав.
Инаку бев 6 месеци пред тоа и за цариник, во Скопје на тестови, за англиски и царинскиот закон, и госпоѓата рече најдобрите 5 ќе бидат повикани на интервју,
а ние едно 50 души една група, башка и други групи што имаше, пред и после нас.
Јас уште повеќе се зачудив што влегов во тие 5 и бев повикан на интервју, моето прво интервју воопшто, и можи да се речи ја оплескав.
Ама и да бев добар џабе, колега од факултет го зеде тоа место пошто тој со кола го слегоа пред царина и влезе внатре со еден вработен,
т.е решението веќе беше пишано на него, ние останатите бевме само формалност.

Имам и уште 2 приказни за во државно да се влези без партија и пријатели, па ако изјави некој интерес да ги напишам.
Многу бев наивен тогаш, детиште.
