Добар мајстор или е веќе иселен, или е газда па други работат кај него а тој си работи друго.
Имав добар мајстор што ми ја одржуваше колата. Си имаше работилница и сам беше. Страшна педантерија, до детали. Колата ќе ја направи како нова тип топ. Ама викам, до детали, до најквалитетни делови, се случуваше колата да ни ја врати дома после 2-3 недели, и не се буневме, кога ќе ја вратеше, баш како нова, со сменети се и сешто. тој не поправаше ради реда. Или како што треба или ич. Ем скап беше, и пак си отиде по белиот свет...