Автор Тема: Вработување  (Прочитано 577978 пати)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Вработување
« Одговори #2325 на: 21 Октомври 2014, 16:24:30 pm »
brkajte vrski..., koj bese od tuka v MVR neka pomaga...? pa i air da vi vidi coek, so carClub nalepnica ;)

МВР распишува конкурс за 400 нови полицајци

Министерството за внатрешни работи утре ќе распише јавен оглас за вработување на нови 400 полицајци, што е трет ваков конкурс што ќе се реализира согласно веќе стандардизираните и исцрпни критериуми, информираше на прес-конференција министерката Гордана Јанкулоска.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10 отсто поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас или во конкретниот случај 440 кандидати. При селекцијата ќе биде земена предвид соодветната и правичната застапеност на сите етнички заедници во Република Македонија.

„Кандидатите кои ќе ги исполнат условите и кои ќе бидат избрани по направената селекција, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат и договори за вработување во организациските единици сместени во Скопје“’, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Како и при распишувањето на претходните два конкурса за прием на полициски службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови, односно да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни а да не наполниле 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај овие општи услови, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни параметри, односно да се високи најмалку 175 сантиметри, за мажите, односно 165 сантиметри за жените, како и да се со висока лична физичка и психичка подготвеност за извршување полициски задачи.

Како и при претходниот прием на полициски службеници, предуслов за натамошно продолжување со селекцијата ќе биде минимумот од 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3.200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи, додека минимумот за женските кандидати ќе изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и 3.200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки, кои би биле определени од страна на Комисијата.

По завршување на физичкиот дел, ќе следува писмено...

http://kajgana.com/mvr-raspishuva-konkurs-za-400-novi-policajci
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2326 на: 21 Октомври 2014, 16:26:42 pm »
Заборави еден мало голем ДЕТАЉ:
При селекцијата ќе биде земена предвид соодветната и правичната застапеност на сите етнички заедници во Република Македонија.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2327 на: 21 Октомври 2014, 16:40:07 pm »
Јас се кладам дали 2-3ца од активниот состав што се веќе во мвр можат да направат 30-40 градни склекови а камо ли 60. Свињи едни дебели

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Вработување
« Одговори #2328 на: 21 Октомври 2014, 16:57:09 pm »
Не познавам џандар што можи да направи повеќе од пет склека :D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #2329 на: 21 Октомври 2014, 16:59:21 pm »
Не познавам џандар што можи да направи повеќе од пет склека :D ;D

Изгледа не познаваш многу џандари. Особено не оние од единиците за брзо распоредување.  ;)

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Вработување
« Одговори #2330 на: 21 Октомври 2014, 17:04:07 pm »
Џандар =/= Специјалец :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Вработување
« Одговори #2331 на: 21 Октомври 2014, 17:32:15 pm »
Немој да мислите дека нема спремни дечки и од полицајците.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Вработување
« Одговори #2332 на: 21 Октомври 2014, 17:52:33 pm »
а пилоти? :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Вработување
« Одговори #2333 на: 21 Октомври 2014, 20:17:05 pm »
Ќе разговараме кога ќе се видиме. ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #2334 на: 22 Октомври 2014, 14:17:11 pm »
Не познавам џандар што можи да направи повеќе од пет склека :D ;D

Изгледа не познаваш многу џандари. Особено не оние од единиците за брзо распоредување.  ;)



:D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #2335 на: 22 Октомври 2014, 14:28:14 pm »
Ова се вика единица за брзо распостелување ;D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7386
Одг: Вработување
« Одговори #2336 на: 22 Октомври 2014, 18:10:55 pm »
Не познавам џандар што можи да направи повеќе од пет склека :D ;D

Изгледа не познаваш многу џандари. Особено не оние од единиците за брзо распоредување.  ;)

Ме познава мене, не знам зашо вака збори ;D  Кај мене во единица по 80 склекови прават  ;D :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #2337 на: 22 Октомври 2014, 18:25:27 pm »
Не познавам џандар што можи да направи повеќе од пет склека :D ;D

Изгледа не познаваш многу џандари. Особено не оние од единиците за брзо распоредување.  ;)

Ме познава мене, не знам зашо вака збори ;D  Кај мене во единица по 80 склекови прават  ;D :D
Како не му е срам, во петок му идеме во контрола ти по грб, ја по новчаник... Па да видиме после дали ќе се сили! :D :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Вработување
« Одговори #2338 на: 05 Ноември 2014, 10:26:41 am »
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557