Автор Тема: Вработување  (Прочитано 577957 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Re: Одг: Вработување
« Одговори #2295 на: 10 Октомври 2014, 08:57:20 am »
Vtornik 14.10, Agencija za vrabotuvanje organizira saem vo Boris Trajkovski, 10:00-17:00.


Треба да се понесат книшките?

I preporakite od mesniot komitet.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #2296 на: 10 Октомври 2014, 09:02:38 am »
Замисли онак најмалце 8 години да мораш со автобус да одиш секој ден по пола саат најмалце. Не е воопшто лесно. Правен е муабетов со моите, за селење од центар. Во ниеден случај не се исплаќа. Мир? Ќе одмарам кога ќе умрам, во меѓувреме нека ми е блиску се.

Дојди кај мене 2 недели, па кажи го пак истово. Лесно е да се тресат вакви изјави на 20 и ситно години, кога многу многу не ти дреме цевка за ништо, не плаќаш сметки и не згинуеш на работа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Вработување
« Одговори #2297 на: 10 Октомври 2014, 09:54:24 am »
дојденецот, има југце некое, или лада или што год да е некој крш донесен од таму или прикупен тука за мали пари и таа кола му е се.. и магацин и работилница и комбе и за домашни потреби.. ете ми го, во зграда ми се досели еден таков пред некој месец, во еднособен стан, има шкода фелиција со охридски таблици... р’ѓосан багажник има на колата, скалите дрвени (2 комада) од што нема кај да ги носи, навечер со ланец и катанец ги заклучува за багажникот... а колата е видно клекната одпозади, прљава и гнасна до немај каде, р’ѓосана и скапана од сите страни...  е тој.. длаи тој ми е реално конкуренција или само е рушач на цените? не бе друже... тој се ебе и себе и мене...

Многу субјективно ги гледаш работите. Ти кога си отишол во Австралија, Нов Зеланд или кај и да е, се појави таму со две Мерцедес комбиња и 2 коли? Фул алат за твојата струка? Најми неколку работници одма? Изнајми 2 магацински простори одма?

Недај Боже ти да идеш во Белград, Солун или кој и да е друг поголем град од Скопје, пошто мораш и да почнеш бизнис, ете во твојата струка. Ќе дојдеш со Волвото ти, ваљда нема да дојдеш фул опремен, пошто ако било така немаше да мораш да се селиш.

Не го бранам нити оправдувам дојденецот, и јас сум роден скопјанец и моите се,и нивните родители се, но Скопје не е само мое и твое, Скопје е на сите што во него живеат, без разлика од кај се. И мене не ми е најдраго што секој од својот град/село си ги носи своите манири и тврдоглаво одбива да ги смени, но тоа е. Јас кога одам негде се однесувам како локалните жители, ама тоа сум јас, така сум воспитан.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вработување
« Одговори #2298 на: 10 Октомври 2014, 09:59:50 am »
Многу субјективно ги гледаш работите. Ти кога си отишол во Австралија, Нов Зеланд или кај и да е, се појави таму со две Мерцедес комбиња и 2 коли? Фул алат за твојата струка? Најми неколку работници одма? Изнајми 2 магацински простори одма?

Недај Боже ти да идеш во Белград, Солун или кој и да е друг поголем град од Скопје, пошто мораш и да почнеш бизнис, ете во твојата струка. Ќе дојдеш со Волвото ти, ваљда нема да дојдеш фул опремен, пошто ако било така немаше да мораш да се селиш.

Не го бранам нити оправдувам дојденецот, и јас сум роден скопјанец и моите се,и нивните родители се, но Скопје не е само мое и твое, Скопје е на сите што во него живеат, без разлика од кај се. И мене не ми е најдраго што секој од својот град/село си ги носи своите манири и тврдоглаво одбива да ги смени, но тоа е. Јас кога одам негде се однесувам како локалните жители, ама тоа сум јас, така сум воспитан.

во солун, белград или каде и да отидам ако го селам бизнисот и работата, блиску ми е да си ја преселам опремата со се возилата... да не го тапаниме беспотребно... во нов зеланд кога бев, не отидов да отворам своја фирма од сефте... неможеш да почнеш сам да работиш од одма... таков е редот во целиот нормален свет во бизнис сферата... само овде кај нас не е тој ред...

и не нападнав никого за преселувањето... не реков луѓето да седат кај што биле и да не се обидуваат да тераат подобар живот... туку нападнав за девалвацијата и обезвреднувањето на трудот...  миљон пати више го пишав ова... НЕ СЕ ДЕВАЛВИРАЈ И СЕБЕ И МЕНЕ!! се ебеш и себе и мене... аман веке...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Вработување
« Одговори #2299 на: 10 Октомври 2014, 11:21:11 am »

Големиот град голема надеж... Така Јаков уште пред 20 и кусур мислам опеа, Јас се изјаснив некаде, не доаѓам да работам во Ск, освен ако не се најдам во ситуација да трпам за леб, да не даде Бог, а тогаш би одбрал село пред Ск. Е сега, не е никој крив што се последниве 25год се сконцентрира во Скопје, сите пари, инвестиции, фабрики, министерства и сл. Ако се доведам во ситуација да немам работа ќе се преселам во село, и ќе имам да јадам, секој ден месо гарантирано. Проблемот е кај луѓето, патат од комплекси, секој сака да е Скопјенец, граѓанец, да е фаца без разлика што тоне во кредити, долгови и кредитни картици. Познавам многумина такви, некој ме прават луд што размислувам така, ама тоа е мое, за што би седел во Ск за 200 еур плата и да не знам кој крај да го фатам секој ден, што со тие пари? Кај нас во Велес 90% се од село и имаат запуштен имот, седат у центар под јаворот и 20 + год ја колнат државата и земаат од заводот по 3000ден, никој не се свестува да земе да замине и сам да произведе храна. Проблемот е што народот стана паразит, секој чека друг да му створи услови, друг да му обезбеди работа, секому државата му е крива, секој кука во партија, затоа сме тука кај што сме, на дното.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Вработување
« Одговори #2300 на: 10 Октомври 2014, 11:37:38 am »
Браво за муабетов..
New blood of old school

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вработување
« Одговори #2301 на: 10 Октомври 2014, 12:03:28 pm »
Е сакаме да сме Холивуд де, тоа не јебе...

И јас живеам во Кавадарци ама кај моите во село чувам разни животинки  ;D
Ми чуваат де, 3 пати годишно ги погледнувам  :D

Башка зелено - жолто - црвени ствари  :P
Башка алкохолно процентуални ствари и сето тоа без хемии  ;)

Нит метрополи нит бутур!


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #2302 на: 10 Октомври 2014, 13:11:01 pm »
Македонија на 4 место според просечна плата во Европа.

http://www.motika.com.mk/novi-podatoci-za-srednite-plati-vo-evropa-makedonija-e-na-zavidnoto-4-to-mesto/

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #2303 на: 10 Октомври 2014, 13:17:53 pm »
Која бедотија се  Лихтенштајн..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Вработување
« Одговори #2304 на: 10 Октомври 2014, 13:48:47 pm »
5166...ПРОСЕЧНА :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Вработување
« Одговори #2305 на: 10 Октомври 2014, 13:49:26 pm »
Бугарите помали плати од нас??
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Вработување
« Одговори #2306 на: 10 Октомври 2014, 13:58:46 pm »
Еве на Бугарите како им се движи платата во лева



Бруто плата во Македонија



Само за илустрација 25003 денари плата нето имате 10000 денари точно давачки (35000)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #2307 на: 10 Октомври 2014, 14:12:35 pm »
Тоа дека толку зимаат бугарите мало морген... Утепани се многу повеќе од ова што е прикажано погоре.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #2308 на: 10 Октомври 2014, 14:27:12 pm »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Вработување
« Одговори #2309 на: 10 Октомври 2014, 14:59:09 pm »
Тоа дека толку зимаат бугарите мало морген... Утепани се многу повеќе од ова што е прикажано погоре.
Lele koga ke procitam vaka nemam komentar. Ova e realna statistika i nema zaebancii. Tie mozebi se utepani ama ne site. Kako sto ne se site utepani vo Makedonija, Srbija, Ungarija itn. E nivoto na utepanosta e nekade pogolemo nekade pomalo toa e celata rabota :). Normalno golem del zimaat pod prosekot, a mal del nad prosekot. Zatoa se narekuva prosecna plata :). Prosecnata plata e eden mal segment koj prikazuva za standardot na ziveenje (kupovna mokj).

Prost primer od licno iskustvo. Ziveev 4 godini vo Litvanija a sega godina dena vo Latvija. Vo Litvanija prosecnata plata e malku pomala od taa vo Latvija (vidi vo tabelata) no zivotot na prosecniot gragjanin e mnogu pokvaliteten zatoa sto mnogu dobra i uslugi se po pristapni ceni a so toa moznost da si dozvolat poveke. (nedviznini, koli, servisi, smetki za struja voda itn, idenje vo kafana itn). Za razlika od toa, vo Latvija mozebi prosekot e pogolem ama toa e od pricina sto ima eden odreden broj na luge koi sto zimaat ogromni ogromni plati, a dobrata i uslugite se mnogu poskapi za razlika od Litvanija.  Taka da dzabe marginalno povisokiot prosek ako cenite se visoki, osobeno vo glavnite gradovi. Taa mala razlika vo prosecnite plati pomegu LT i LV e prepolovena od nekolku pati od povisokite ceni na dobrata i uslugite.

Vo Bugarija neznam tocno kako e, no vo Makedonija prosekot gore dolu e plata koja sto se zima samo vo Skopje, za zal. Zatoa, mesto drugi pogolemi gradovi kako Ohrid, Bitola, Kumanovo, Veles, Tetovo da cutat ekonomski se slucuva obratnoto. Mozebi so toj nacin prosekot nemase da ripne na magicni 600-700 eur no sigurno ke bese pogolem od 350 eur a i najvazno cenite ke bea sigurno pomali i so samoto toa site gragjani posrekni i pozadovolni.