Влатче, Скопје е град, главен град и едно 6 пати поголем од Велес. Нема смисла да споредуваш такси во Скопје и Велес. Во Велес една улица е таа е. А 200 и ситно од железничка до Ѓорче е без пари верувај! Евтино е дури.
У Скопје како и секој поголем град во светов има милијарда или што би рекле оние од ГГ Катаљарда места каде што можш да истрошиш многу пари.
Во Скопје има модерни трговски центри, има музеи има продавници за се што ке ти текне, во Велес ете баш и нема.
Во Скопје има премногу разни кафичи, дискотеки и слично. Имаш фенси дискотеки каде што ке платиш карта од 200 денара и пиво скопско 150, имаш и места каде што не се плаќа карта а скопско е 80.
Можеш да пиеш кафе у тренд-менд и слични им за 16.000 денари а можеш да седнеш у кафич исто одличен и да пиеш кафе со нормална цена.
Можеш да седнеш да јадеш у Ројал бургер, 7ца, гудис-мудис и да плеснеш 200+ денари а можеш и да отидеш во локална сендвичара, бурек-шоп, нормална кафана и да потрошиш помалку и да се утепаш од јадење.
Можеш да идеш да глеаш фудбал во Торос и да се утепаш од пари давање а си испил две пива и една порција пилешки крилца а можеш да отидеш и на катаљарда други места да испиеш 16 пива и да се отепаш од јадење за помалце.
Можеш да се паркираш како бос на 2 метра пред кафичот и да плакаш скап паркинг а скоро секаде имаш 8 пати поевтини алтернативи.
Можеш да идеш во елитен ресторан некој да јадеш пица или паста рецимо за милион денари а можеш и да јадеш пица во пицерија.
Имаш опции, многу опции, далеку од тоа дека се кошта многу, далеку.
На крај у краева сегде се дешава истото, апсолутно сегде. Еве ти пример у охрид што е исто прескап имаш кафе на плажа некоја си од 80 денара и имаш кафе од 180 денара на плажа парк.
Во ЊуЈорк можеш да јадеш хот дог на нога за 2 долара, да јадеш у МкДоналдс за 7 или да идеш во ресторанот во Мериот и да мцнеш не да јадеш за 50 долара.