Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578958 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Вработување
« Одговори #1620 на: 15 Јули 2014, 02:18:13 am »
дени не е во право... крпатскиот е во право... а знаете зашто? зато што беше во оштралија и виде со свои очи, сллушна со свои уши и изеде 100 стапа по свој грб. исто како и јас по белиов свет кога гастербајтерев.

да седиш од тука и да лаеш е лесно..иди види, доживеј па коментирај... само тогаш ке имаш шанси да бидеш правичен... а од тука седење со муабетот од типот ИМАМ ЈАС СВОИ БЛИСКИ КОИ ОТИДОА ВО СТРАНЦИЈА И МИ КАЖУВААТ СЕ КАКО Е И ШТОЕ, ПА ЗАТОА ЈАС ЗНАМ... тој муабет на бавча, кога се копа троскуд се прави... во реални и сериозни муабети не му е местото.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #1621 на: 15 Јули 2014, 08:35:21 am »
:D За една година сигурно истото го искусил како дојденец што и децата кои им се родени на другиве таму. :) :) :) :) :) :) :) А знаете зошто? :) :) :) :) Си знаете.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1622 на: 15 Јули 2014, 08:36:29 am »
Се бара Градежен инженер:

Цитат
Биро Проект има потреба од дипломиран Градежен инженер – Хидро смер, за работа на проект во времетраење од 2 месеци. Задолжително познавање и искуство со работа на AutoCAD – разработка на ситуации, надолжни профили и пратечки објекти по водоводна траса.

Ве молиме испратете ни го вашето CV на biroproekt@biroproekt.com.mk најдоцна до 22.07.2014!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1623 на: 15 Јули 2014, 11:53:56 am »

Се надевам, малку од малку појаснив што е куповна моќ.

Ајде и еден најпрост пример:
500 долари плата, 200долари кирија, 200долари храна -шест месеци за ајфон/лаптоп/одмор.
1000 долари плата, 400долари кирија, 400долари храна - три месеци за ајфон/лаптоп/одмор.
5000 долари плата, 2000долари кирија, 2000долари храна - 2 ајфони/лаптопи/одмори месечно.

Сите овие се средна класа во својата дражва.

Ако ја доловиме и реалната слика наместо хипотетичка, ќе дојде:
500 долари плата, 200долари сметки, 200 долари храна - 100 долари џепарлак месечно.
Односно соодветно:
5000 долари плата, 1200долари сметки, 1200 долари храна, 1100долари штедење за иднина, - 1500 долари џепарлак.

Појасно здравје.

Производите и услугите (оние секојдневните) се во 90% од случаите 10 пати поскапи. Единствено некои прехранбени артикли, кафе и средства за хигиена се 4-5 пати поскапи.

Конкретно еден хамбургер е 13 долари или во превод тоа ти е околу 550-580 денари.  И тоа зборувам Burger King (таму Hungry Jacks). Истата цена е за сендвич во Subway, McDonalds и сл.

Лебот ти е 4 долари или во превод околу 180-200 денари.

Кока кола ти е од 4 до 6 долари (и најчесто во среда со 50% попуст да ја земеш за 3).

Сметките се оние што се исти како кај нас и тоа е нешто што мене лично многу ме нервира ама тоа е тоа. Значи околу 200-250 долари месечно ти е покриено се.

Кирија (за просечна куќа...ептен просечна) ти е 1500 долари некаде така по на страна (45 минути возење со воз или саат до саат и пол со кола).

Транспорт со воз во еден правец ти е 3,8 до 4 долари зависи од зона (од 5 до 9 сабајле и од 15 до 24) меѓу време е 50% поефтина ама тогаш ретко кој оди на работа.

Реално за една недела ти требаат отприлика 250 долари за храна и намирници. Зборувам да бидеш дома и да не одиш во ресторан. Инаку НАЈЕФТИНОТО јадење во било кој ресторан е од 18 до 20 долари по човек (дури и во оние македонските, како Канео и компанија). Бурек пита (цела) е 50 долари (верувале или не).

Значи вака

250 долари храна (едно парче сирење ти е 20 долари)
50 долари за средства за лична хигиена (просек ова)
50 долари за транспорт*4 (члена) = 200 долари
Ќирија неделно = 375 долари
Сметки = 50 долари (просек)
Интернет = 20 долари (да скап е интернетот и е срање)
Останати трошоци (кафе некаде, еден сендвич) = 50 долари (што ајде повееќе се овие ама ете штедливо викаме).
Гориво за кола = 50 долари (ќе си возиш на плин)
Неделно =  1200 долари (реално одеа од 1000 до 1500 неделата)
---------------------------------
Процедурално:
Кино = 16 долари карта ...ете во Odeon најевтиното ти е 8 долари. Reading Cinemas беше 16 долари.
Цигари = 18-20 долари ПАКЕТА. За ова не одбивам, сумата доаѓа астрономска.
---------------------------------
4500 до 5000 долари месечно имаш трошоци за скромен живот за четиричлено семејство.

Реална просечна плата во Австралија (за нас дојденците не за оние што растеле таму, учеле таму) е околу 3000-3500 долари месечно.

По некоја среќа двата да ја земаат истата плата тоа ти е околу 6000 долари месечно (6300 долари со се данок).

Ти остануваат 1500 долари месечно за iPhone, iPad или маичка, патика, пиво, ...кои 1500 долари да речеме ги делиш на четворица и ти доаѓа 375 долари за секого.

Удри есап дека се е 5 пати поскапо (минимум) и поделија оваа вредност ...имаш 300 долари месечно во МК услови.


 
« Последно менување: 15 Јули 2014, 12:08:07 pm Carpathian Lord »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #1624 на: 15 Јули 2014, 11:59:55 am »
А тек цени на недвижности..

Цел живот под хипотеки..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1625 на: 15 Јули 2014, 12:00:58 pm »
Какво сака нека е, полошо од тука сигурно не е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1626 на: 15 Јули 2014, 12:03:49 pm »
А тек цени на недвижности..

Цел живот под хипотеки..

Е тоа сакав да кажам.

Просечна куќа во Мелбурн ти е 565 000 долари (2013 година).

Се наоѓа и за 300 000...па се до неколку милиони.

Месечна рата некаде беше околу 3000 долари ако се сеќавам.

Сигурно нема да купуваш куќа ако земаш 3500 долари плата нели?

Ќе чекаш да добиеш работа што ќе ти е платена барем 4000-5000 месечно...што за да ја добиеш таа плата треба да завршиш какво такво нивно образование, сертфикат што ете и тоа кошта ама ете ќе речеш ќе земам 1500 плус и тоа ти е пола рата за куќа.

А кредит за кола. Една кола на старо (зборувам Toyota Corolla 1995) ти е 2500 долари со се RWC (регистрација)...

Какво сака нека е, полошо од тука сигурно не е.

Не дека е...ама дека е МНОГУ подобро и дека брдо пари имале...не е така.

ДА, било така,...пред едно 20 години.

Сега работите се поприлично изменети. Не знам како е САД, Канада...Европа...ама Австралија низ сито и решето ја поминав :)


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1627 на: 15 Јули 2014, 12:04:36 pm »
I ne e, sega sum so plan da baram nekoe care da mu ja kidnam od tuka (aSralija) I ako uspeam ova nase napateno wannabe drzavice nekan ni na karta da go vidam.  8)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #1628 на: 15 Јули 2014, 12:06:03 pm »
^

Твоите вештини се доста ценети на запад.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вработување
« Одговори #1629 на: 15 Јули 2014, 12:09:45 pm »
Би сакал да прочитам паралела за едно просечно македонско семејство, во Македонија. Значи истите ставки од анализата на Карпатиан, само заменети со македонски цени и македонски еквиваленти. :)
Доколку за многу луѓе е табу тема да си го откријат домашниот есап, ќе седнам јас и ќе напишам како моите дома се снаоѓаат со нивните "плати" и зошто мислам дека и 5 долара за леб е подобро од ова што го "живееме" овде.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1630 на: 15 Јули 2014, 12:09:57 pm »
I ne e, sega sum so plan da baram nekoe care da mu ja kidnam od tuka (aSralija) I ako uspeam ova nase napateno wannabe drzavice nekan ni na karta da go vidam.  8)

Good luck with that mate :)

Него, веќе ако одиш, земи си возачка за камион од Бугарија. Немаш потреба да преполагаш таму и бичи по асралските патишта со камион. Убави пари се прават од тоа. Ако најдиш некој партнер (да речиме ти Мелбурн тој Сиднеј) можите на пола пат да си ги менвате камионите и ќе си се враќаш ко човек дома.

Би сакал да прочитам паралела за едно просечно македонско семејство, во Македонија. Значи истите ставки од анализата на Карпатиан, само заменети со македонски цени и македонски еквиваленти. :)
Доколку за многу луѓе е табу тема да си го откријат домашниот есап, ќе седнам јас и ќе напишам како моите дома се снаоѓаат со нивните "плати" и зошто мислам дека и 5 долара за леб е подобро од ова што го "живееме" овде.

Реков јас, споредувам средна класа во Македонија. А дека таа изумира...тоа е друг муабет.

Оние 10% реална средна класа што остана (вработени во државно) за нив есапам.

А оние во Кромберт и Шуберт, Дрекселмаер и остала компанија...епа тешко нив.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #1631 на: 15 Јули 2014, 12:14:18 pm »
Би сакал да прочитам паралела за едно просечно македонско семејство, во Македонија. Значи истите ставки од анализата на Карпатиан, само заменети со македонски цени и македонски еквиваленти. :)
Доколку за многу луѓе е табу тема да си го откријат домашниот есап, ќе седнам јас и ќе напишам како моите дома се снаоѓаат со нивните "плати" и зошто мислам дека и 5 долара за леб е подобро од ова што го "живееме" овде.

Па две плати по 25 000 ки ќе понудат подобар живот.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1632 на: 15 Јули 2014, 12:15:01 pm »
Какво сака нека е, полошо од тука сигурно не е.

Не дека е...ама дека е МНОГУ подобро и дека брдо пари имале...не е така.

ДА, било така,...пред едно 20 години.

Сега работите се поприлично изменети. Не знам како е САД, Канада...Европа...ама Австралија низ сито и решето ја поминав :)

За брдото пари дека преку ноќ ќе ги напраиш, тоа потешко, за тоа се согласувам комплетно. Не знам ни дали пред 20 години било така.

У најмала рака, квалитетот на живот е драстично подобар. Не се замараш со глупости, пропаганди, квази-пропаганди, „експерти“, влади, партии, Бени, Панки, сељачизам со лопата да го ринеш...

Порадо би идел на фарма у Австрија или Германија, него ли тука да седам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1633 на: 15 Јули 2014, 12:19:32 pm »
Цитат
Твоите вештини се доста ценети на запад.
Ако ова се однесуваше на мене,да многу поценети и поплатени се од тука.

Цитат
Good luck with that mate Смешко

Него, веќе ако одиш, земи си возачка за камион од Бугарија. Немаш потреба да преполагаш таму и бичи по асралските патишта со камион. Убави пари се прават од тоа. Ако најдиш некој партнер (да речиме ти Мелбурн тој Сиднеј) можите на пола пат да си ги менвате камионите и ќе си се враќаш ко човек дома.
Ако стигнам Австралија,последна работа мие возачката.Сестрами е таму па би имал огромна помош,во секаква смисла(смештај,приспособување,пари и сл.)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1634 на: 15 Јули 2014, 12:22:02 pm »
За брдото пари дека преку ноќ ќе ги напраиш, тоа потешко, за тоа се согласувам комплетно. Не знам ни дали пред 20 години било така.

У најмала рака, квалитетот на живот е драстично подобар. Не се замараш со глупости, пропаганди, квази-пропаганди, „експерти“, влади, партии, Бени, Панки, сељачизам со лопата да го ринеш...

Порадо би идел на фарма у Австрија или Германија, него ли тука да седам.

Таму да можеш (а неможеш) скрос да се изолираш од Македонци ти е најубаво.

Македонците таму се посебна категорија на луѓе. Очекував да се страшни, ама она биле БОЛНИ луѓе.

Иначе поделени се со црквата. Едните со МПЦ, едните со нивната.

Се растураат бракови, 50 години пријателства, ...зошто едните биле од една црква другите од друга.

Пример ако си крстен во Св.Петка во Мелбурн, а жената во Св. Наум...не ти дозволуваат да се венчаш.

Таму нели даваат сертификат за брак од црквите. Епа нема да ти го дадат ако двата сте од „различна црква“.

Сите нив ги следат (Македонците), им давале ГМО...плаќале повеќе данок од другите...сакаат да се вратат во МК да отворат фарма ...и сл. муабети :)

Се палат ко млади мајмуни на секоја певаљка шо ќе стапни таму (оти таа е чесна и е од стари крај).

Сите се оговараат меѓу себе, дека тие се најработиливи, а овие другите дека биле мрзливи, не наоѓале работа, на буко имале 500000 долари (заштеда), ...итн итн.

СИТЕ гледаат Сител (да, сите МК канали ги има и таму Канал 5, Алфа, Сител, Телма) ...коа ќе видиш...