Автор Тема: Вработување  (Прочитано 777979 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #1425 на: 27 Мај 2014, 17:45:22 pm »
Со 8000 не е живеење туку преживување, има разлика. Се мачи човекот и го мачи семејството.
Боље за тие 8000 да купи бензин, да попрска куќата и да влезат сите со упаљач.

И што дека ќе живее тој човек ете 95 години? Што видел од животот освен страдање. Еден човек има од Струмица тука кај мене, од кога памтам спие во тој камион (ФАП) и продава вар. Дома си оди само зимоска мислам и као боље му е него да работи за 0?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #1426 на: 27 Мај 2014, 17:51:12 pm »
Не сте се разбрале нешто. 18.000 се за преживување, не 8.000 денари.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1427 на: 27 Мај 2014, 17:55:14 pm »
Па напишав само дека ке се прехранат и толку,тоа тие преживување.А во врска со палење на куќа,побрзо би запалил општина/влада одколку куќа.Секој се надева на подобро,живот мил никој неќе да си го одземи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #1428 на: 27 Мај 2014, 17:56:10 pm »
Па прво влада/општина, па после сам. Пошто ќе идеш у затвор.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1429 на: 27 Мај 2014, 17:59:48 pm »
Само гледам слабо се плаи некако.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #1430 на: 27 Мај 2014, 18:01:52 pm »
Скап е бензинот. ;D

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Вработување
« Одговори #1431 на: 27 Мај 2014, 18:57:15 pm »
наjпрво од се, треба да се остварат услови на пазарот за што повеќе фирми да се отвараат, и што е најважно да ФУНКЦИОНИРААТ без да мака мачат и да живеат во страв да не случајно влезе инспекција некоја и да го јадеш 15-16 000 евра,

секако, ќути среќа не се толку злобни власта, па ти даваат можност ако платиш во рок од 7 дена да платиш пола казна

среќа така ќе платиш само 8000 евра за некој ебан лист хартија што они ти го издаваат без никаква проверка ти што си кој си и зашто го вадиш тој лист.

потоа ако имаш среќа да не те погоди ниедна инспекција од 200-те  што ги има во нашата мила државичка, ќе те соголат со некој нов закон немај гајле,

како и да ќе го јадеш немиен...


е сеа ако се остварат услови за таа фирма да функционира, и да напредува,
па ќе се вработат нови вработени, а тие што биле од почеток што почнале заедно со фирмата ќе добијат поголема плата а овие новите со нивната
и како расте така сите слоеви ќе се искачуваат по една скала нагоре,

така ќе функционира државата,

ама и ние да бидеме реални, речиси сите што ги знам околу мене се вработиле за некоја плата па со тек на време им се покачила.
не може ние да очекуваме од прв ден, некој што втор пат во животот те гледа да ти даде 20-30 000 зашто на изглед си му добар.
ќе почнеш од доле па ќе напредуваш, а не директори сакаме да почнеме сите да работиме.

или мислиш ако си завршил факултет одма треба управител да те стават? тој факултет ти овозможува со тек на време да се покажеш од најдолното скалило да се издигнуваш нагоре, па кога ќе се отвори можноста за управител и најбитно кога ќе стекнеш ти години искуство за како функционира тој бизнис, тогаш може да те стават управител, т.е. да се избориш до тоа ниво
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #1432 на: 27 Мај 2014, 19:05:53 pm »
Епа јас си идев 3 месеци на пракса, менаџерот на мојот сектор испадна задоволен од мене и по неколку месеци ми се јави за да дојдам на работа , иако факултетот уште го немам завршено. Сега сум при крај на четврта (редовно) па летово ќе го завршам скроз.

Така да за младите што започнуваат со кариера е МНОГУ битно да почнат со пракса, таму да се докажат и да си ја работат работата поштено и на време. Откако ќе влезат да работат исто да си ја бркаат работата одговорно и поштено и нема проблем. Барем такво е моето искуство.

На праксата не го работев тоа што сега го работам, но битно е да покажеш дека сериозно ја сфаќаш секоја задача и да ја исполнуваш во целост и на некое соодветно ниво. Да не се шуњаш како партал и да идеш по бурек.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #1433 на: 27 Мај 2014, 19:38:48 pm »
Наравоучение...приватен бизнис...и ајт...

Мене преку глава ми е веќе дојдено. Од септември до сега, вклучително Австралија и кај нас, за СЕДУМ работни позиции ми рекоа „готово ќе почниш“ за на крај да се изјалови работата....ФАКИНГ СЕДУМ!

Се нешто ...се предомислуваат...се туфкаат се прават...премолчуваат...понекогаш се чудам како воопшто останатите доаѓаат до било каква работна позиција. Што не правам јас, а другите го прават? Не зборам за државно. Таму се знае...партиска и крај.

Зборам за приватен сектор.

Значи 2008 година...Дипломирав во октомври месец. Јануари 2009 година имав работа. Бев на 3 интервјуа, на 4-тото ме примија.

Сеа, со години работно искуство, ако ми верувате...преку 500 апликации имам пратено, едно 15-тина интервјуа и на СЕДУМ места ми имале речено као „ќе се договориме за плата и да почнеш“ на крајот да добијам „Абе знаеш...ништо!“

Или си премногу скромен или имаш проблем со претерано фалење.

И за почеток точно е дека се почнува со малку. Мој близок почна со 15к пред 3-4 години сега зима над 50к плата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #1434 на: 27 Мај 2014, 21:23:09 pm »
Сеа, со години работно искуство, ако ми верувате...преку 500 апликации имам пратено, едно 15-тина интервјуа и на СЕДУМ места ми имале речено као „ќе се договориме за плата и да почнеш“ на крајот да добијам „Абе знаеш...ништо!“

Педерска работа. Секогаш непромислените одлуки на некои болат по грбовите на другите.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Вработување
« Одговори #1435 на: 28 Мај 2014, 14:49:55 pm »
Групацијата „Дрекслмајер“ на соработниците во Kавадарци како фер работодавец им исплаќа просечна месечна плата 20 отсто повисока од законската најниска плата во Македонија. Освен платата, на своите соработници во Kавадарци им нуди опсежни дополнителни услуги. Ова беше речено на вчерашната конференција за новинари организирана по повод одбележувањето на годишнината од отворањето на фабриката во Македонија.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8ACD4AFDF87E544C87C2EA78B9AA1A10

И се е кажано.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #1436 на: 28 Мај 2014, 14:59:38 pm »
Ипак не им било лесно на кинезите да дојдат до она што се денес. Често знаевме да кажеме како работат за шака ориз.


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Одг: Вработување
« Одговори #1437 на: 28 Мај 2014, 15:17:45 pm »
^^^^

0:20-7:50


Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вработување
« Одговори #1438 на: 28 Мај 2014, 16:30:07 pm »

Педерска работа. Секогаш непромислените одлуки на некои болат по грбовите на другите.

Exactly my point!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Вработување
« Одговори #1439 на: 28 Мај 2014, 17:21:03 pm »
Групацијата „Дрекслмајер“ на соработниците во Kавадарци како фер работодавец им исплаќа просечна месечна плата 20 отсто повисока од законската најниска плата во Македонија. Освен платата, на своите соработници во Kавадарци им нуди опсежни дополнителни услуги. Ова беше речено на вчерашната конференција за новинари организирана по повод одбележувањето на годишнината од отворањето на фабриката во Македонија.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8ACD4AFDF87E544C87C2EA78B9AA1A10

И се е кажано.
abe so sila nikoj ne tera, dobivash ponuda i sam odlucuvash sakash ne sakash toa e toa. Niska e platata ama pa ne dojdoa za da davaat mnogu. A ushte neshto moze da e. Ako na drexel mu trebaat 1000 dushi a se pritiska da ima duplo mesto 1000 da zemaat po 300 2000 ke zemaat po 150 evra i toa  e toa