Работам во една фабрика,од тие странските владини инвестиции.Штрајкот што беше пред некоја ден,беше заради неисплатени бонуси за работа во празник,но тоа беше капка која ја прели чашата.Инаку во таа владина инвестиција до пред штрајк се работеше секој ден,7 дена во неделата во три смени.За да бидат прави пред законот во извештајот прикажуваат само 32 прекувремени работни часа месечно,другите прекувремени часеви ги плаќаат како позитивна корекција.Во работниот договор дефинирани се 40 редовни работни часеви неделно,законот дозволува плус 8 часови неделно прекувремена работа,или до 190 часеви прекувремени на годишно ниво.Овој закон не важи во дрекселмаер.
Со закани се тераат работниците да работат и во недела.Има еден оддел кој работи секој ден по 10 и 12 часа,а инспекциите ги нема никаде.
Платата на 90% од вработените излегува 11000-12000 со секој ден работа во месецот.
Инаку во Кавадарци има и една фирма каде да работиш е ризик по животот,каде не важи никаков закон.Тоа е ИГМ трејд.Таму се работи во смени,и тоа од трета смена се оде втора па од втора прва,секој ден,значи да појаснам,денес си трета смена од 22 часот,се враќаш утре дента во 06 и истата ден во 14 часот си втора,во 22 завршуваш и понаредната одиш прва смена од 06ч.Таму нема никакви стандарди за безбедност,ниту заштитни шлемови,обувки ништо,секој се снаоѓа како знае и умее.И тоа за плата од 12000 ден. платена преку трансакциска и понекогаш 5 -6 000 ден на рака дадени.Тешки повреди се секојдневна работа таму,а смртните случаи не се ништо неочекувано.Имам пријател кој пред некоја година на третиот ден од работата му паднаа две масивни метални греди на нозете,има траен инвалидитет и до пред месец дена одеше по судеви за на крајот да испадне крив и да ги подмири сите трошоци.Гостуваше во Миленко шоу,погледнете од 1:15 е дечкото,кој поради нашиот ни прекрасен судски систем правдата почна да ја бара по медиумите.Убаво погледнете го видеото и проценете сами.