Не ми е јасна употребата на зборот кабает. Кабает=вина.
Можеби мислеше на КАЕЊЕ. Не, не се каам што сум заминал од фирмата која дава плата од десетина илјади денари за работа во три смени плус работа во сабота која не е платена туку... ме мрзи да објаснувам, можеби во некоја друга прилика.
Не бев сигурен што се случува во фирмата, па затоа отидов, да се уверам од прва рака во мизеријата.
Исфрустриран? Да. Сум исфрустриран. Не сум исфрустриран заради тоа што работев таму (како што спомнав, тоа беше заради прибирање на информации од прва рака), туку сум исфрустриран што купишта вработени се задоволни од таа мизерија, а некои дури и се фалат.
Само затоа што состојбата во оваа банана држава е таква кава што е, платите се такви какви што се, не значи дека треба да сум задоволен од тоа и да се помирам со тоа и со широко ококорени очи и весела насмевка да речам:
- Кој ти дава повеќе!?
Искрено не планирам да хранам фамилија со одвај 200 евра. Некако нема да ми успее, сигурен сум.
На тие што им успева, феномени се.
Уште поголеми феномени се оние кои работат за 8000 денари.
Нема толкави ебачи колку што крепи овај народ. Македонскиот народ е ненадјеблив.
Избори се ближат...
П.С. Зошто сум исфрустриран? Нели е бизарно прашањето