Автор Тема: Вработување  (Прочитано 549589 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #1260 на: 28 Февруари 2014, 09:12:25 am »

Те бендисва смената а? Уште ако се возиш со автобусот со број 4, целта е постигната ;D

Хахахаха, нормално со 4ка  :D ;D

За плата ке видиме другата недела кога ке земам. Отприлика нешто ситно под 200Еу.

Во врска со работата, интересно ми делува, ништо тешко. Малку напорно, цел ден на нога ама се навикнуваш.

Фина работа е со обукиве во странство. Секоја недела има по неколку вработени кои заминуваат за Словачка, Унгарија, Украина, Романија итн...
Тоа е така затоа што сега се отвара нова линија за Мерцедес, инаку никој не мрднал од фирмата цела година. Тие што се во Украина пратени се за обука, останатите што се пратени во Словачка, Унгарија, Романија се на прошетка (да се залажат малку) како експерти демек, проверка ќе вршеле на тамошната работа (од кога овие нашиве експерти станаа)...
и да, малку му иди тоа како обука, сепак таму тие фирми постојат подолго време :)
Во Шуберт( и сегде) успева тој што знај да се снаоѓа, добро работи и напредва во работата, инаку к*р  ;D

Брат ми е таму скоро година дена, плата на местото каде што е сега, повисоко од првото кај шо беше му иди 200 евра без ситно, моментално е во Унгарија на обука 3 недели... е таму се парите ! 33 евра дневница и плус платени Саботите иако не одат на работа(190е неделно!!!), башка платено од фирмата смештај и јадење, како и плата тука му течи исто како да оди овде редовно на работа.

А некој се по една година таму и заглавени на 10 500.
Тоа е така, им плаќаат на тие што ги праќаат од тука. Нешто повеќе беа платени тие експертите од Словачка што беа пратени во оваа фирма во Жабени. Значи би му дошло тоа нешто како теренска плата.

Имав прилика да се дружам (уште пред да стапнам во фирмата) со едно чупе од Словачка. Вработена во Кромберт и Шуберт веќе 10 години. Си ја познаваше работата и беше пратена тука да обучува...

Нормално дека извлеков информација од прва рака, немаше причина мене да ме лажи. Ми кажа колкава плата зема. Платата во Словачка за општ работник се движела докај 300 евра со тенденција на зголемување докај 350 евра со работа во сабота.
Значи тоа е далеку од тие скоро 200 евра неделно што ги наведе, за во Унгарија. А и во Унгарија не е ништо поразлично со платите, се разбира дека гигантот Кромберт и Шуберт отвара фирми во отепани земји, каде што не мора да дај високи плати. Ако му се даваше високи плати, ќе си отвореше уште неколку во Германија, па немаше да се расправа со логистика, транпорт, курци палци... Ама во државиве отепани, со кромид платите што ги дава му се исплаќа и тоа како...

Нека ти кажи брат ти во кои се држави има фабрики, ќе ти стани јасно колкави можат да бидат платите.

Значи да не се залажуваме со непостоечки нешта, реалноста е таа. Сите овие роуд шоа што ги прават делагацииве од кај нас нема да донесат ништо добро за нас. Ќе донесат за нив. Занас ќе остани од трите подолгото.

Ќе им изградат фирми (како и оваа гореспоменатава што ја изградија), ќе не фрлат нас во нив да работиме ангарија без притоа да се побуниме (се ставив и јас во сите, иако јас се бунам, ама една ластовичка не носи пролет рекле...), ќе ја испродаат секоја педа што им е на располагање и на крајот ќе останиме голи како пиштоли без ништо наше, а некој Гермнанец, Индиец, Пакистанец и шо ти ја не знам што ќе се закотви во мојот двор и нема да ми дозволува да го користам...

Само фаќање магла сега е како наисплатлива опција. Фаќање магла од државава што подалеку.
Ама пустото и тоа кошта пари, кај да ги најдиме...а и не е сигурно дали ќе се замини...

Некои со бугарски пасоши заминаа полесно, барем така слушам муабети, не знам сигурно. Ама баш сношти седејќи со комшијата на ТВ видовме интересна вест. Наводно од државите од ЕУ почнале да депортираат многу раја со бугарски пасоши. Фактички ги сметаат како фалсификат пасошите затоа што оние кои ги поседуваат немаат никаков бугарски корен туку само се чувствувале како Бугари (што е случај и со „нашиве“ кои поседуваат такви пасоши). Конкретно беа посочени примери на муџахедини, забрадени, никакви... кои изјавуваат дека се чувствуваат како Бугари ;D

И така, еве уште по сабајле навлегов во реторика (сабајле сега, дека не сум на работа, да бев, сега ќе ми беше паузата за ручек :) ), ама за арно нека е :)

П.С.


Уште поголеми феномени се оние кои работат за 8000 денари.

Кога ги нема ниту тие и те како се добредојдени тие 8к. ;)
Ете од тука доаѓаат џемперите.

На брат ми шурата од Скопје пред две години, од немајкаде (а чоеко си има факултет) се вработе во Рамстор в магацин. Работа до посер, плата срање. Некои 7-8 илјади. И кога поднесе отказ, неколку нинџи од Кратово, Каменица и шо ти ја не знам од која друга вукојебина, кои живеет во едно станче 8 души му рекле:

- Ти бе будала си! Кај се бегало од ваква убајна. На крајот од месецот шврк осум иљадарчина в џеб (со гестикулации како да в џеб клаваат пари за Бугати Вејрон)...

Е тоа е она за кое се бунат Скопјани и ги поддржувам (ги разбирам секако).

Кога јас работев во Скопје земав солидна плата. За таа плата потпишав договор. Кога почнаа да идат други јабанџии како мене во фирмата работите се сменаа.
На некоја штиклосана од Радовиш на интервју и поставуваат прашање:
- За колкава плата ти би работела?
- За било колкава, битно е тука да се вработам...
Е тогаш драги мои, со тие новајли со такви ставови платата нурна. И тоа како нурна. Нурнав и јас, си заминав, многу нормално. Ама кое фајде од тоа, ме наследе таа од Радовиш за 30% пониска плата...

Затоа пропаѓаме. Не е проблемот што во Скопје појде да работи пола Mакедонија (добро де, проблем е, гужва има), проблемот е што таа маса појде таму со цел да се вработи по било која тарифа и маме еба на дотогашните високи плати. Сељаци и од кај што вее и од кај што грее. Се здружија со тамошните сељаци и то е то ;D




« Последно менување: 28 Февруари 2014, 09:36:18 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Вработување
« Одговори #1261 на: 28 Февруари 2014, 09:21:54 am »
Rabotata vo fabrikive vo bescarinskive zoni ke bidat utepani uste nekoja godina, so privrsuvanje na krizata vo EU ke se smenat rabotite I nema da mozat da najdat rabotnici za 9 iljadarkicki... Del od rabotosposobnite ke zaminat vo EU kade ke ima potreba od poevtini rabotnici, itn itn...

ps: vazno e fabrikite da se napravat kaj nas, potoa vo zavisnost od ponudata I pobaruvackata na rabotna sila ke se menvat platite...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #1262 на: 28 Февруари 2014, 09:39:05 am »
Rabotata vo fabrikive vo bescarinskive zoni ke bidat utepani uste nekoja godina, so privrsuvanje na krizata vo EU ke se smenat rabotite I nema da mozat da najdat rabotnici za 9 iljadarkicki... Del od rabotosposobnite ke zaminat vo EU kade ke ima potreba od poevtini rabotnici, itn itn...

ps: vazno e fabrikite da se napravat kaj nas, potoa vo zavisnost od ponudata I pobaruvackata na rabotna sila ke se menvat platite...
Додека се дојди то тоа, странските инвеститори ќе соберат парталите и ќе му ја здувнат во друга вукојебина, а фабриките кој ги тркала и онака не се од нив направени, па ќе ги купи некој наш за крави да чува во нив...

така беше мислам случајот со Кромберг. Ги собра парталите од Хрватска (затоа што таму платите се повисоки веќе) и дојде во Жабени...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Вработување
« Одговори #1263 на: 28 Февруари 2014, 10:49:32 am »
абе шо си чуден, нормално е тоа. Целта на една организација (фирма, корпорација како сакаш наречија) е да прави Профит. Така што дали во Скопје, Сингапур или хаваи најде некој кој истата работа ке ја работи за помалце пари сигурно дека ке го искористи тоа.

Цела светска економија е свртена кој кратење на трошоци така што тоа е тоа. во македонија немој да мислиш дека ке стигне операторска плата брзо до хрватската, долго време ке помине.

Како и да е владата се рекламира на тој начин да фирмите тоа го очекуваат. Не е никој инвеститор крив што на промоциите на Инвестирај во Македонија се кажува дека инженер за 300 евра работи

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #1264 на: 28 Февруари 2014, 10:55:20 am »
Јас чуден? Зошто? ;D

Каде, во која иронија од моите муабети сум заборавил да го потенцирам она што го кажа ти? :)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Вработување
« Одговори #1265 на: 28 Февруари 2014, 11:51:03 am »
луѓе не треба да ги негираме толку новите фабрики, со вработувањата, треба малку и да се ставиме во кожата на луѓето од малите места сигурно не доаѓаат да работат во Ск за никакви плати туку така дека им е многу убаво дома, со овие нови инвестиции барем малку да се мрдне од мртва точка, со фабриката во Кавадарци, Бучим во Радовиш, оваа во Битола сепак ке има правец кон каде да се движат работите, знаете дека има луѓе што работат прекувремено секој ден а на крај од месец пак немат плата поголема од 10.000ден. Ако сега во новите фабрики земат по 12-13.000 сепак е покачување, не можеме веднаш да сите имаме по 30,000ден плата. Не сум засегнат од темата лично, но мислам дека не треба толку негативно да се гледа на новите фабрики.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Вработување
« Одговори #1266 на: 28 Февруари 2014, 12:41:51 pm »
Проблемот (т.е не е баш проблем) е што ако ти нејќеш да работиш за 8000 или 12000 има многу  други кои би работеле за таа цифра. Се додека има такви кои би работеле за 8000 до тогаш они толку и ќе нудат.
Странскиве инвеститори не дојдоа тука за да даваат 1000 еур плата, дојдоа дека има многу кои би работеле за 200 еур.
Сепак морам да спомнам дека познавам неколку луѓе кои имаат 700+ еур плата во вакви фирми. Македонските фирми комитенти  на овие "странски инвестиции" генерално одлично заработуваат.


Многу сте во заблуда :)

Конкретно за Кромберт и Шуберт кога доаѓаа и беа во преговори, понудија пакет со кој секој вработен на лента ќе зема просечна плата (320 евра) и ќе се вработат на почеток 150 лица.

На крај политичариве наши (пред се локалци, а и овие од горе) издејствуваа преку HR фирмата што е посредник да се вработат 300 луѓе со 160 евра плата :) со уверување кон Кромберт и Шуберт дека има многу луѓе кои ќе работат за таа плата и нема да се руши угледот на фирмата.

Сето тоа беа само да се кренат бројките на вработени за да се чукаат во гради пред јавноста дека вработиле 300 луѓе наместо 150.

Затоа има избори сеа и треба да се сменат некои работи :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3991
  • MadaFunker
Одг: Вработување
« Одговори #1267 на: 28 Февруари 2014, 12:44:12 pm »
Нема ништо да смени, нема кој да смени.. уште ке не рендаат..
New blood of old school

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Вработување
« Одговори #1268 на: 28 Февруари 2014, 13:28:42 pm »
Имаме уште за сркање дур се смени, се додека не паднеме скроз ко грчка не е ни на повидок дека ќе се смени нешто.
Жална вест :)
http://fokus.mk/zbor-dva/28mi-fevruari-den-na-zhalost-vo-makedonija/

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Вработување
« Одговори #1269 на: 28 Февруари 2014, 15:33:32 pm »
Се поише личиме на Hunger games само уште да ни кажат кој дистрикт сме.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Вработување
« Одговори #1270 на: 28 Февруари 2014, 18:37:13 pm »
Проблемот (т.е не е баш проблем) е што ако ти нејќеш да работиш за 8000 или 12000 има многу  други кои би работеле за таа цифра. Се додека има такви кои би работеле за 8000 до тогаш они толку и ќе нудат.
Странскиве инвеститори не дојдоа тука за да даваат 1000 еур плата, дојдоа дека има многу кои би работеле за 200 еур.
Сепак морам да спомнам дека познавам неколку луѓе кои имаат 700+ еур плата во вакви фирми. Македонските фирми комитенти  на овие "странски инвестиции" генерално одлично заработуваат.


Многу сте во заблуда :)

Конкретно за Кромберт и Шуберт кога доаѓаа и беа во преговори, понудија пакет со кој секој вработен на лента ќе зема просечна плата (320 евра) и ќе се вработат на почеток 150 лица.

На крај политичариве наши (пред се локалци, а и овие од горе) издејствуваа преку HR фирмата што е посредник да се вработат 300 луѓе со 160 евра плата :) со уверување кон Кромберт и Шуберт дека има многу луѓе кои ќе работат за таа плата и нема да се руши угледот на фирмата.

Сето тоа беа само да се кренат бројките на вработени за да се чукаат во гради пред јавноста дека вработиле 300 луѓе наместо 150.

Затоа има избори сеа и треба да се сменат некои работи :)
Многу реален муабет и во Кавадарци за дрекслермаер иста прикаска кружеше дека почетна плата ќе биде 300 еур ама кога вмешаа прсти локални бизнисмени како ИГМ, каде дреклермаер е под кирија се збори дека се корегирани платите и се симнати на почетна плата 150 еур а работниците од ИГМ потпишуваа некакви изјави дека нема да го напуштат раб место,тоа е рекла казала ама мислам дека е вистина .....

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Вработување
« Одговори #1271 на: 01 Март 2014, 21:02:31 pm »

Те бендисва смената а? Уште ако се возиш со автобусот со број 4, целта е постигната ;D

Хахахаха, нормално со 4ка  :D ;D

За плата ке видиме другата недела кога ке земам. Отприлика нешто ситно под 200Еу.

Во врска со работата, интересно ми делува, ништо тешко. Малку напорно, цел ден на нога ама се навикнуваш.

Фина работа е со обукиве во странство. Секоја недела има по неколку вработени кои заминуваат за Словачка, Унгарија, Украина, Романија итн...
Тоа е така затоа што сега се отвара нова линија за Мерцедес, инаку никој не мрднал од фирмата цела година. Тие што се во Украина пратени се за обука, останатите што се пратени во Словачка, Унгарија, Романија се на прошетка (да се залажат малку) како експерти демек, проверка ќе вршеле на тамошната работа (од кога овие нашиве експерти станаа)...
и да, малку му иди тоа како обука, сепак таму тие фирми постојат подолго време :)
Во Шуберт( и сегде) успева тој што знај да се снаоѓа, добро работи и напредва во работата, инаку к*р  ;D

Брат ми е таму скоро година дена, плата на местото каде што е сега, повисоко од првото кај шо беше му иди 200 евра без ситно, моментално е во Унгарија на обука 3 недели... е таму се парите ! 33 евра дневница и плус платени Саботите иако не одат на работа(190е неделно!!!), башка платено од фирмата смештај и јадење, како и плата тука му течи исто како да оди овде редовно на работа.

А некој се по една година таму и заглавени на 10 500.
Тоа е така, им плаќаат на тие што ги праќаат од тука. Нешто повеќе беа платени тие експертите од Словачка што беа пратени во оваа фирма во Жабени. Значи би му дошло тоа нешто како теренска плата.

Имав прилика да се дружам (уште пред да стапнам во фирмата) со едно чупе од Словачка. Вработена во Кромберт и Шуберт веќе 10 години. Си ја познаваше работата и беше пратена тука да обучува...

Нормално дека извлеков информација од прва рака, немаше причина мене да ме лажи. Ми кажа колкава плата зема. Платата во Словачка за општ работник се движела докај 300 евра со тенденција на зголемување докај 350 евра со работа во сабота.
Значи тоа е далеку од тие скоро 200 евра неделно што ги наведе, за во Унгарија. А и во Унгарија не е ништо поразлично со платите, се разбира дека гигантот Кромберт и Шуберт отвара фирми во отепани земји, каде што не мора да дај високи плати. Ако му се даваше високи плати, ќе си отвореше уште неколку во Германија, па немаше да се расправа со логистика, транпорт, курци палци... Ама во државиве отепани, со кромид платите што ги дава му се исплаќа и тоа како...

Нека ти кажи брат ти во кои се држави има фабрики, ќе ти стани јасно колкави можат да бидат платите.

Значи да не се залажуваме со непостоечки нешта, реалноста е таа. Сите овие роуд шоа што ги прават делагацииве од кај нас нема да донесат ништо добро за нас. Ќе донесат за нив. Занас ќе остани од трите подолгото.

Ќе им изградат фирми (како и оваа гореспоменатава што ја изградија), ќе не фрлат нас во нив да работиме ангарија без притоа да се побуниме (се ставив и јас во сите, иако јас се бунам, ама една ластовичка не носи пролет рекле...), ќе ја испродаат секоја педа што им е на располагање и на крајот ќе останиме голи како пиштоли без ништо наше, а некој Гермнанец, Индиец, Пакистанец и шо ти ја не знам што ќе се закотви во мојот двор и нема да ми дозволува да го користам...

Само фаќање магла сега е како наисплатлива опција. Фаќање магла од државава што подалеку.
Ама пустото и тоа кошта пари, кај да ги најдиме...а и не е сигурно дали ќе се замини...

Некои со бугарски пасоши заминаа полесно, барем така слушам муабети, не знам сигурно. Ама баш сношти седејќи со комшијата на ТВ видовме интересна вест. Наводно од државите од ЕУ почнале да депортираат многу раја со бугарски пасоши. Фактички ги сметаат како фалсификат пасошите затоа што оние кои ги поседуваат немаат никаков бугарски корен туку само се чувствувале како Бугари (што е случај и со „нашиве“ кои поседуваат такви пасоши). Конкретно беа посочени примери на муџахедини, забрадени, никакви... кои изјавуваат дека се чувствуваат како Бугари ;D

И така, еве уште по сабајле навлегов во реторика (сабајле сега, дека не сум на работа, да бев, сега ќе ми беше паузата за ручек :) ), ама за арно нека е :)

П.С.


Уште поголеми феномени се оние кои работат за 8000 денари.

Кога ги нема ниту тие и те како се добредојдени тие 8к. ;)
Ете од тука доаѓаат џемперите.

На брат ми шурата од Скопје пред две години, од немајкаде (а чоеко си има факултет) се вработе во Рамстор в магацин. Работа до посер, плата срање. Некои 7-8 илјади. И кога поднесе отказ, неколку нинџи од Кратово, Каменица и шо ти ја не знам од која друга вукојебина, кои живеет во едно станче 8 души му рекле:

- Ти бе будала си! Кај се бегало од ваква убајна. На крајот од месецот шврк осум иљадарчина в џеб (со гестикулации како да в џеб клаваат пари за Бугати Вејрон)...

Е тоа е она за кое се бунат Скопјани и ги поддржувам (ги разбирам секако).

Кога јас работев во Скопје земав солидна плата. За таа плата потпишав договор. Кога почнаа да идат други јабанџии како мене во фирмата работите се сменаа.
На некоја штиклосана од Радовиш на интервју и поставуваат прашање:
- За колкава плата ти би работела?
- За било колкава, битно е тука да се вработам...
Е тогаш драги мои, со тие новајли со такви ставови платата нурна. И тоа како нурна. Нурнав и јас, си заминав, многу нормално. Ама кое фајде од тоа, ме наследе таа од Радовиш за 30% пониска плата...

Затоа пропаѓаме. Не е проблемот што во Скопје појде да работи пола Mакедонија (добро де, проблем е, гужва има), проблемот е што таа маса појде таму со цел да се вработи по било која тарифа и маме еба на дотогашните високи плати. Сељаци и од кај што вее и од кај што грее. Се здружија со тамошните сељаци и то е то ;D






Е тоа е тоа што се збори цело време, мило ми е што полека луѓето почнуваат да ја гледаат целата ебана слика на функционирањето на економијава и како пополека стануваме робовладетелско општество.

Најниска плата треба да биде 500 евра за минимален живот, а не за реално шоу Преживување.

И за крај, моќта е во народот ама додека се сети народов .... Најмногу ми е криво што многу "бизнисмени" се обогатија на бедата и маката на народов, би ги пратил во работнички логор во С. Кореа за да осетат што се правеле на другите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #1272 на: 16 Март 2014, 10:14:58 am »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Вработување
« Одговори #1273 на: 16 Март 2014, 10:28:28 am »
Не сте ми јасни. Зашто бизнисмените се богателе?

Поента на една компанија е да прави производство ако се занимава со производствена дејност, со најмал трошок по единица производ.
Во единица производ се смета и вложен човечки труд, покрај материјали, амортизација на машини и возила и останати трошоци.

Секој нормален бизнисмен ке гледа да исплати најмала саатница, со цел да има што е можно помал трошок за единица производ со цел да има поголема добивка.

Проблемот е што нашата Влада му овозможува да иде до тој минимум. Бизнисменот нема никаква врска со тоа, затоа што 98% од нас би го направиле истото.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #1274 на: 16 Март 2014, 10:41:26 am »
Тоа може да го направиш само ако немаш никаков контакт со вработениот и не те интересира исходот од вработениот. Некои луѓе сакаат и почит, сакаат и да се каже добар збор за нив. Ти конкретно зборуваш за „работници“ кои вршат некоја конкретна повторлива работа. Забораваш дека вработените ја чинат команијата, а не „бизнисменот“. И директорите се вработени, и чистачите и шефовите и чуварот и правникот и продажното лица. Сите тие се вработени. Ако имаш задоволни вработени ќе имаш и добар продукт. Ако не, нема да имаш.

Една од работите кои тешко се сфаќаат е дека ако плаќаш минимално, ќе добиеш минимално. Толку е едноставно.

Еве како се работи кај оние бизнисмени кои јас ги познавам, си направил нешто добро за фирмата? Макар си останал до 6, до 7 за да се доврши нешто? Добиваш бонус. За утре да не ми спушташ ако те побарам да дојдеш, туку ти да сакаш да дојдеш на работа.
Си донел твој човек да свршиме работа? Добиваш бонус (денар, евро, слободен ден...) Зошто? За утре ако затреба ти да сакаш да донесеш твој човек, а не да те молам или да ми кажеш дека не познаваш некој што може да сврши работа.
Си дремел на фејсбук по цели денови? Дреми. Ако е завршена работата, што сакаш прави си.

Конкретно коментар од еден многу фин бизнисмен од МК, на прашање зошто не им забрани фејсбук и слично на вработените: „Ау, па јас сакам да инвестирам и да се рекламирам на фејсбук, таман работа да го забранувам. Нека седат, што ми смета. Ќе шернат по нешто ваму-таму.“
« Последно менување: 16 Март 2014, 11:09:22 am Deni »