Автор Тема: Вработување  (Прочитано 779937 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #975 на: 26 Декември 2013, 11:19:29 am »
Дека не е крива власта, затоа не се добива на суд :)

За се што се случува во државава е крив народот и власта, сеедно дали актуелнава или изминатите што поминале, секој допринел и тоа убаво.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Вработување
« Одговори #976 на: 26 Декември 2013, 11:35:06 am »
По разговор со една адвокатка во Македонија од сите пријавени тужби поради мобинг, само еднаш работникот го добил спорот. Не знам колку е точно, ама ако е стварно така... Шта речи...

на семинарот за мобинг пред 2 месеца од судиите е кажано дека досега нема никој добиено спор

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #977 на: 26 Декември 2013, 14:03:27 pm »
По разговор со една адвокатка во Македонија од сите пријавени тужби поради мобинг, само еднаш работникот го добил спорот. Не знам колку е точно, ама ако е стварно така... Шта речи...

на семинарот за мобинг пред 2 месеца од судиите е кажано дека досега нема никој добиено спор
Уште полошо.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Вработување
« Одговори #978 на: 03 Јануари 2014, 23:20:07 pm »
Треба само цврсти докази и не може да не го добиеш случајот. Треба и сведоци, а треба и добар адвокат :)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #979 на: 03 Јануари 2014, 23:21:23 pm »
Џабе ако газдата го има судијата.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Вработување
« Одговори #980 на: 03 Јануари 2014, 23:22:24 pm »
Ако го има, има и над судијата некој друг судија ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #981 на: 03 Јануари 2014, 23:26:24 pm »
Кадија.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вработување
« Одговори #982 на: 04 Јануари 2014, 09:25:52 am »
Знам за случај кога вработениот водел уредна евиденција за мобингот кој му е вршен (адвокатот цела година му давал прецизни упатства како и што да документира) и со тие докази настапил пред фирмата „еве ги доказите, или вратете ме на работа со старата плата и плус дајте 10.000 евра, или идеме на суд и ќе ве чини многу повеќе“ и добил.

Во овој случај се работело за тнр „хоризонтален мобинг“, кога жртвата не страда од претпоставениот, туку кога го дупеле и му ставале сопки колегите кои се на негово ниво. Намерно му правеле да искочи неспособен и глуп и заради тоа наивниот менаџмент го симнал на пониско работно место со пониска плата.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Вработување
« Одговори #983 на: 04 Јануари 2014, 09:33:40 am »
Телефон од адвокатот?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вработување
« Одговори #984 на: 04 Јануари 2014, 09:38:10 am »
http://www.mhc.org.mk/

не му наплатиле за услугата

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Вработување
« Одговори #985 на: 04 Јануари 2014, 10:58:40 am »
не е толку лоша ситуацијата за работниците, конкретно за мобингот не знам, но за судења по други основи меѓу работник и претпоставен или газда, само со еден сведок 90% добива работникот на суд, зборувам за период 2010-11, работев извесен период во агенција за привремени вработувања, најчесто работникот не си ги знаеше своите права и затоа дозволуваат доста луѓе да ги зафркаваат на работните места.

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Вработување
« Одговори #986 на: 04 Јануари 2014, 11:45:05 am »
го има некаде тоа законот за мобинг ? или правата на работниците да се прочитаат?
баш ме интересира што се изнапишале
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Вработување
« Одговори #987 на: 04 Јануари 2014, 14:19:22 pm »
Проблемот е 99% во работниците со македонски синдром. Не си ги знае правата, не се цени и не се бори за да му се промени нешто. Ќе биде незадоволен од газдата, ќе му работи зад грб против него, но во лице ќе му се смешка и ќе си поќутува за сите свои незадоволства! Газдите пак немаат друг избор, додека стрижат овци, произведуваат и џемпери.

Инаку јас знам многу случаи за направен мобинг каде работникот го добил спорот и уште многу каде бил избркан од работа па му било надоместувано + можност да се врати на старо работно место ако сака (а нормално дека не сака).

На крајот, бидете квалитетни и тешко заменливи и ценете се себе си и своите квалитети. Така фирмата, т.е. работодавецот нема да може без вас нормално да продолжи да функционира, па ќе сака да ве задржи, а тоа се прави со напредок во кариера (позиција, плата, бенефиции и сл.). Но ако не се цените самите себе, нема ни да си дадете дозвола да напредувате во кариерата и истото да го побарате од работодавците кои пак самоиницијативно нема да го одработат тоа за вас.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #988 на: 04 Јануари 2014, 16:52:49 pm »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Вработување
« Одговори #989 на: 04 Јануари 2014, 20:46:37 pm »
Мене не можат да ме платат толку малку колку што јас можам да не работам!
Ум шо идит отпосле не јет ум!