Ова ми изгледа непотребно комплицирано.
Зошто едноставно не го тргнат ДДВ, ако планираат на сите да им го вратат?
Lol krajno nelogicen odgovor. Tie pari treba da izvrsat obrt za da mozeda se vratat. Zosto e komplicirano da si cuvas viskalni smetki!?
Не е само чувањето комплицирано туку и постапката за проверка на истите, броење и поврат. Фирмите и така морат да прават финансиски извештаи, за народот да добие поврат на ДДВ, ќе треба да го прави истото. Можам да претпоставам колкава гужва ќе има кога ќе се врши тоа.
Види сеа, најпластично ситуацијата претпоставувам дека би идело вака:
Ти си купувач Х. Во тебе имаш 500 ден. Сакаш да купиш слушалки за ПЦ. Имаш 2 продавачи А и Б. Продавачот А ти го нуди тоа што го бараш за 450 денари со гаранција од една недела и фискална сметка во продавница која е ДДВ обврзник итн... Продавачот Б ти го нуди за 400 ден без никаква реална гаранција (освен она мижи да ти баам) на пазарче или слично.
Е сеа државата ти вика дека доколку во годината собереш сметки во вредност од 100.000 ден ќе ти вратат пример 3% од износот односно 3000 денари. Мислам дека сите ние би решиле многу лесно која варијанта на продавач ќе избереме.
Во принцип, целава оваа работа се сведува на самоконтрола. Ти, знаејќи дека ќе добиеш поврат на средства, ги избираш оние продавачи кои се општествено одговорни, и со тоа сивата економија се намалува (тука треба да се напомене дека таа никогаш не може да биде 0% исто како и невработеноста).
Државата може во секое време да изврши контрола на работите, нормално никогаш не се прави 100% контрола на секој што ќе аплицира туку едноставно со случаен избор се зема одреден примерок и се проверуваат работите т.е. фискалните сметки.