Автор Тема: Вработување  (Прочитано 660379 пати)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Вработување
« Одговори #90 на: 15 Октомври 2012, 00:43:49 am »
Дечки, што мислите ? Во денешно време во Мк, вреди да се учи ??? Ова го прашувам со оглед на тој вицот "учи сине за да не работиш"...

тоа во комунизмот било....
сега евоулирана фраза... учи сине за да работиш....

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Вработување
« Одговори #91 на: 15 Октомври 2012, 01:01:03 am »
Еее Сузуки...мора да се учи...дали вреди или не вреди ќе дознаеш кога ќе пораснеш :) МОРА ако не завршиш и останеш без образование ништо..може со дипломата нема да најдеш одма работа, ама верувај знаењето искуството и најмногу упорноста ќе те однесе некаде :)
Земи си учи, полека нигде не брзај...немој да се задоволиш со 500 денари днивница ко келнер...на 17 години е многу, ама после што?? :) Секогаш цели кон повеќе!
За носење чаши сите знаеме, али за повеќе е работата!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Вработување
« Одговори #92 на: 15 Октомври 2012, 02:10:20 am »
Јас не се согласувам дека сите треба да учат и да имаат факултет. Едноставно не се сите за учење.

Ако некого не го бива за школо, подобро да биде добар мајстор/занаетчија отколку со сила завршен високо образован кадар. Повеќе можеш да заработиш како супер плочкар/паркетар отколку како неспособен, неталентиран и приглуп правник...
« Последно менување: 15 Октомври 2012, 12:23:07 pm Banzai »
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Вработување
« Одговори #93 на: 15 Октомври 2012, 02:22:14 am »
site sakaat da bidat direktori...ZATOA NE NE BIVA !!!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #94 на: 15 Октомври 2012, 02:26:20 am »
Дечки, што мислите ? Во денешно време во Мк, вреди да се учи ??? Ова го прашувам со оглед на тој вицот "учи сине за да не работиш"...

Со факултетот ќе отвориш многу врати во главата но за жал во реалноста ќе ти треба многу повеќе...

Околу вицот пре би рекол учи сине тате или мама ќе ти среди за работа ;D

Многу е битен изборот на струката, прво види какви познанства имаат најблиските во твојат околина, кој и дали навистина може да ти среди да го реализираш образованите.

Во спротивно ќе учиш и кога ќе завршиш ќе работиш работа за која си преквалифициран.

Тогаш доаѓаат фрустрациите.

Но што више школо толку чоек е попаметен па му се отвараат некој нови видици и поголема е веројатноста за самореализација, односно стварање на свој бизнис темелен на знаењата кој си ги стекнал за време на образованито.

Најбитно е факултетот  брзо да се заврши и да не се одолговлечува. За тоа одговорни се капацитетот и вољата кој ги имаш

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Вработување
« Одговори #95 на: 15 Октомври 2012, 03:19:28 am »
Еее Сузуки...мора да се учи...дали вреди или не вреди ќе дознаеш кога ќе пораснеш :) МОРА ако не завршиш и останеш без образование ништо..може со дипломата нема да најдеш одма работа, ама верувај знаењето искуството и најмногу упорноста ќе те однесе некаде :)
Земи си учи, полека нигде не брзај...немој да се задоволиш со 500 денари днивница ко келнер...на 17 години е многу, ама после што?? :) Секогаш цели кон повеќе!
За носење чаши сите знаеме, али за повеќе е работата!


Ретко кој и толку зема денешно време... А келнер стално е + од дневницата.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Вработување
« Одговори #96 на: 15 Октомври 2012, 03:22:23 am »
За жал, највише се слагам со Cuore, реалноста е таква, денес добитна комбинација е факултет + партишка книшка и допринос во партија.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Вработување
« Одговори #97 на: 15 Октомври 2012, 04:57:06 am »
Јас не се согласувам дека сите треба да учат и да имаат факултет. Едноставно не се сите за учење.

Ако некого не го бива за школо, подобро да биде добар мајстор/занаетчија отколку со сила завршен високо образован кадар. Повеќе можеш да заработиш како супер прлочкар/паркетар отколку како неспособен, неталентиран и приглуп правник...

Потполно точно се согласувам

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #98 на: 15 Октомври 2012, 08:34:37 am »
Јас не се согласувам дека сите треба да учат и да имаат факултет. Едноставно не се сите за учење.

Ако некого не го бива за школо, подобро да биде добар мајстор/занаетчија отколку со сила завршен високо образован кадар. Повеќе можеш да заработиш како супер прлочкар/паркетар отколку како неспособен, неталентиран и приглуп правник...
Шуќур.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вработување
« Одговори #99 на: 15 Октомври 2012, 09:35:55 am »
Знам неколку луѓе што немаат факултет а се успешни (не мислам имаат пари да преживуваат, туку се стварно успешни), а има и такви што завршиле електро (ваљда со сила) па растовараат пакети у техномаркет.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #100 на: 15 Октомври 2012, 09:42:34 am »
Пак навлегувате во успешност. Толку ли е тешко да се сфати дека едно општество неможе да опстои без луѓе што работат во комунална хигиена? Без луѓе што чистат вециња? Без народ што ќе чисти штали?

И тоа е работа. Благородна работа. Работа која прави на другите да им е убаво, и чисто. Тоа треба да се почитува. А не да се почитува клошар на директорска фотеља. Тоа не е успех. Посебно кога голем дел од својот живот потоа го помине во затвор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Вработување
« Одговори #101 на: 15 Октомври 2012, 10:00:50 am »
Пак навлегувате во успешност. Толку ли е тешко да се сфати дека едно општество неможе да опстои без луѓе што работат во комунална хигиена? Без луѓе што чистат вециња? Без народ што ќе чисти штали?

И тоа е работа. Благородна работа. Работа која прави на другите да им е убаво, и чисто. Тоа треба да се почитува. А не да се почитува клошар на директорска фотеља. Тоа не е успех. Посебно кога голем дел од својот живот потоа го помине во затвор.

+1

И тоа со образованието што го кажа Cuore. Потполно се сложувам.

Јас сум речиси 27 години и го пишувам докторатот...па еве не сум милијардер. Некој на моја возраст со едвај завршено средно, запишал курс програмирање ...10 години го работи тоа зема минимум дваесет пати поголема плата од мене некаде во странство :)
Или има некоја среќа да работи како фриленсер од дома (овие се ретки пример што заработуваат салам пари).

Сума сумарум...

Образованието е премногу потребно. Факултет си е факултет. Но после завршувањето факултет ви е потребен уште еден факултет за да ги здобиете вештините кои се потребни за наоѓање работа. Тоа е демотивирачкиот дел и тоа е проблемот со нашето образование.

Сум учел програмирање и сум полагал на хартија. 1 минута немав реална практична работа во фирма. Ниту знам што бараа ниту што се бара. Да не зборувам за менаџирање, организација итн. што само со работа се учи (ова го кажувам за сите оние што планираат по завршување да отворат фирма).

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Вработување
« Одговори #102 на: 15 Октомври 2012, 10:22:08 am »
Јас не се согласувам дека сите треба да учат и да имаат факултет. Едноставно не се сите за учење.

Ако некого не го бива за школо, подобро да биде добар мајстор/занаетчија отколку со сила завршен високо образован кадар. Повеќе можеш да заработиш како супер прлочкар/паркетар отколку како неспособен, неталентиран и приглуп правник...

Тука би сакал да дополнам бидејќи психологијата и карактерот ми е доста важен фактор за еден човек, па од досегашното мое искуство ...

Ги делам луѓето на:
1. Луѓе што сакаат да работат
2. Луѓе што сакаат да подработат нешто
3. Луѓе што НЕ сакаат да работат, ама се прават дека сакаат заради тоа да не бидат осудувани од општеството.

Е сеа првиве луѓе можеме да ги поделиме на:
1.1 Луѓе што сакаат да работат и се способни да работат (им работи сивата материја, и се физички способни за тоа, и најважно сакаат да научат нешто ново)
1.2 Луѓе што сакаат да работат, меѓутоа освен желбата и истрајноста, за жал едноставно не се надарени да го прават тоа.

Вториве луѓе:
Тука има многу поделби, начест проблем им е тоа што, работат колку да не е без ич, и од разноразни причини не се замараат премногу.

Третиве луѓе ми се најинтересни
Обично завршиле школо, мама и тато средиле работа за петки, на факултет гурале додека можеле (со помош од мама и татко или локалната провинција) заглавиле некаде, и или уште студираат или се префрлиле на приватен и оддеднаш толку многу се разучиле што и Ајнштајн им позавидил. Е сега доаѓа моментот за вработување. Ако мама и тато им најдат работа во нивната компанија, супер, имаш класичен „шеф“, ако не тогаш некаде во некоја нивна позната компанија или институција .... или лошиот момент, мама и татко неможат да средат за доброплатена (не)работа, АМА нивното дете не сакаат да работи како конобар/таксист/итн.... и нормално сеуште му даваат џепарац иако детето веќе треба финансиски да се осамостои.

Поентата ми е дека, тој што е способен самоук сака да работи, вреден е, одговорен е, нема комплекси, ако увиди во животот дека нема работа од неговата професија, или таа е во изумирање, ќе се преквалификува и ќе го работи тоа што се бара.

Тој што е мрзлив, неспособен, па башка и неук, освен како паразит, тешко дека може нешто друго да прави.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Вработување
« Одговори #103 на: 15 Октомври 2012, 12:15:54 pm »
Пак навлегувате во успешност. Толку ли е тешко да се сфати дека едно општество неможе да опстои без луѓе што работат во комунална хигиена? Без луѓе што чистат вециња? Без народ што ќе чисти штали?

И тоа е работа. Благородна работа. Работа која прави на другите да им е убаво, и чисто. Тоа треба да се почитува. А не да се почитува клошар на директорска фотеља. Тоа не е успех. Посебно кога голем дел од својот живот потоа го помине во затвор.

Погрешен начин на размислување се почесто присутен во јавноста потикнат од се поголемата заинтересираност на младите за студирање.

Ова е размислување на луѓе кој веќе завршиле факултет но не го реализирале и се чувствуваат загрозени од конкуренцијата која ќе биде се поголема.

Ја се слагам дека треба да се извршуваат сите тие работи кој ги набројуваш со понижување но доколку така размислувал развиенот свет нивното извршување никогаш немало да се унапреди и усоврши. Тие работи се доведени до совршенство па така да углавном се механизирани и човечкиот фактор игра улога само како контрола.


Правилниот начин на размислување е дека треба едукација на младите за да сите заостанати процеси се модернизираат.
Проблемот е што државата нема капацитет да го апсорбира цел тој кадар затоа што стопанството е ограничено и делумно развиено.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #104 на: 15 Октомври 2012, 12:22:05 pm »
Баш и не разбрав Куоре што кажа ама битна е една работа само: добар кадровски менаџмент на ниво на цела држава. Таму каде што би имало кадровски менаџери да не седат волови на бироата туку да работат стручњаци. Така ќе има и детална поделба на трудот, поголема специјализација, поефикасна работна сила и подобар квалитет на живот/добра/услуги.