И се согласувам во делот дека не треба сите да бидат магистри, дипломирани и слично, туку секој според афинитетите, способностите и трудот. Но за жал како што спомна некој погоре, мислам Фаланга, и тоа кај нас не е како треба регулирано. Иако стојам на тоа дека Сузуки на пример ако го бива за редење подови, правење кујни на пример може многу подобро да живее, да биде по исполнет, подобро да го материјализира својот труд, отколку да се мучи 4,5 или 7 години на факултет, да го заврши, да не ја сака или па да не ја разбира професијата за која има диплома и во најдобар случај да се вработи некаде во администрација...
Еве ги моите 20 центи од лично искуство на темава и во врска со муабетов:
Јас се запишав на Економски факултет во 2000-та година. Тогаш немаше приватни факултети, тие се опјавија во 2004-та мислам или 2003-та (ФОН). Тоа беше првата година кога факултетот примаше 640 студенти (320 редовни и 320 вонредни) а конкурираа 1400 некаде.
Цело друштво се плашевме дека нема да можеме да се запишеме на факултет. Бевме одлични во средно но не скроз одлични. Кога ОП! Сите 1400 што конкурираа ги запишаа ПА И ОНИЕ КОИ НЕМАА ДОВЛНО МИНИМУМ БОДОВИ ДА СЕ ЗАПИШАТ!!!! После тоа амфитеатрите беа преполни па беше цела провинција дојдена, па хаос невиден. Јас мислам дека тоа беше првата година кога почна да оди високото образование у курац.
Професорите си видоа дека можат да си вадат секоја година нови изданија на учебниците, па менуваа по некоја страничка и следната година ти мораш да купиш друг учебник и тоа ДИРЕКТНО од кабинетот на професорот за да ТОЈ те СТАВИ НА СПИСОК дека си купил книга (со цена почнувајќи од 2000 денари па нагоре докај 6100 денари за книгата Маркетин на Бошко Јаќовски за што и заработи пријава) за да можеш да положиш испит, односно за да професорот ВООПШТО ТИ ГО ПРЕГЛЕДА ТЕСТОТ иначе преќутно ако те нема на список како да не си полагал, пошто нели, не си купил книга, не си имал од што да учиш па затоа и онака не би положил.
Е тогаш се појави онаа идеја да се отвараат приватни факултети тек во 2003-та - 2004-та. Па тие факултети започнуваа со уписи на студенти а немаа ни акредитации а ги лажеа студентите дека имаат (со надеж дека додека завршат во наредните 3 години дека ќе добијат акредитации). И ОП! Професори немааааТ. Претходнбо некои г’золужачи и к*ропушачи што ги гледав како на професорите нозете им ги миеја и водата им ја пиеја станаа професори (иако според Закон за да бидеш професор мораш да бидеш Доктор на науки). Тогаш почнавме да гледаме реклами и други срања и слично.
Откако видоа професориве на државниве факултети дека испечатиле повеќе книги, а студентите избегале кај приватните факултети и дека кабинетите (читај магацините за книги) им се преполни почнаа да им се качуваат на глава и на оние малку останати студенти кои студираа на државните факултети.
Во мојот случај пак јас во 2004-та година запишав 4-та година (пошто втора ја возев квадрат) на Кирил и Методиј и се соочив со пречка: еден соодветен професор кој ниту сакаше мито да зема ниту сакаше да има работа со мене бидејќи татко ми му бил старешинана Воена академија и го опнал во ќорка недела дена оти овој мислел дека е главен к*рац во Белград.
Поради тоа створење а и поради тоа што од 3 дена после матирата почнав редовно да работам а башка што преминав и академски во информатички технологии јас се испишав од 4-та година со 8 испити пред завршување и паднав во прангите на Европски унуверзитет. Да не терам на долго и на широко какво криминално дувло е тоа место (по ниеден критериум не би го нарекол факултет) после две години натегање и тужење и слично успеав да си ги земам документите, да ги дадам во Американ колеџ, да положам 14 испити (пошто демек некои кои сум ги положил во втора и трета година на УКИМ биле геј, тоест застарени, а и ден денес не се променети). Ги положив 14-те (или 13 беа) за година дена и земав диплома.
И сега се поставува прашањето: дали јас сум ретардиран и неспособен оти имам диплома од Американ колеџ? Или пак сум uber cool пошто сум станал и економист и информатичар и имам 13 години стаж и работно искуство за разлика од 99,99% од моите врсници???
Приказната на секој човек си е крано индивидуална работа. Геј е да се окарактеризируваат луѓето бидејќи некој имал опција да оди по некој одреден пат а некој друг МОРАЛ да оди по тој пат. Се сеќавам на таа колумната од тој кој и да беше во врска со дечкото што продавал салама во супер маркет и бил фрустриран. И од сиве муабети дојдов до заклучок дека повеќе луѓе со скроз спротиставени мислења можат да бидат во исто време по 90% во право.
Американците кај што работев имаа една добра изрека секогаш кога некој ќе почнеше да цимоли ради нешто: Get your shit together and do something that counts. Со други зборови секој заслужува втора шанса, помош, опомена, образование..... но тоа е тоа. You got your shit, now show some results. Ако после тоа не те бива, па не те бива бе.... знаеме дека е тешко да се прифати дека за нешто не те бива, ама ако не те бива get your shit together и почни нешто друго.
А тоа што во јавната адинистрација се случува.... е приказна сама за себе, затоа и никогаш не сум ја сметал како опција за вработување. Денес дури и да си жена се потребни муда, нокти, заби и сива маса.