Автор Тема: Вработување  (Прочитано 660431 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Вработување
« Одговори #5175 на: 15 Април 2025, 11:21:53 am »
Беспари ако може мајсторот да ти работи. Ако треба и он тебе да ти плати, што си му овозможил привилегија да ти влезе дома и да се грее на твоето парно 5-6 саата додека ти работи.

Претпоставував дека ќе има ваков коментар.

Ок е 1 према 3 да биде разликата? Бидејќи сега е 1 према 3, претходно беше 1 према 2. И намерно не спомнувам суми, туку сооднос.

Е сега следен коментар ќе биде понуда - побарувачка.

Вака се генерира "инфлација". А не е инфлација, туку е алчност. Нека потпише договор со извршна клаузула, нека плати данок и нека е одговорен за производот што ти го прави, па ќе му платам и 1 према 4. Ама ако не направи тоа што е договорено, е тогаш ќе го наплатам јас соодносот.

А најчесто "дај ми 1000 евра на рака капар, па барај ме од понеделник".
« Последно менување: 15 Април 2025, 11:26:56 am Bravo »

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 644
    • ibiz.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5176 на: 15 Април 2025, 11:24:44 am »
Јас сум во процес на средување деловен простор.
Мајстор ми побара за кујна, чекална, биро пункт, 10 000Евра. Потоа спушти на 9000

Веќе имав скици од дизајнер со димензии.
Кујната материјал ме чинеше 70 000ден

Чекална и биро пункт не верувам повеќе од 50-60 за материјал.

Кујната е склопена за 6-8 часа, наравно се потребен алат си имав.


Да се преценија самоуки мајстори се преценија.
Јас не сакам без пари, али па x3 x4 од материјал е безобразност


Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: Вработување
« Одговори #5177 на: 15 Април 2025, 11:25:14 am »
Дечки сега за се имаш туторијали па ако те бива и имаш некој основен алат лесно се склупуваат кутии т.е плочест мебел.
Ама кујна сам да си правиш мало морген, ти ќе ја направиш ама на ништо нема да личи.

Ако се работи за едноставна кујна, и те како можеш сам да ја правиш, а да личи одлично. Колега сам си правеше. Ја нацрта во солид, некои лица од солопром му дадоа насоки, и му ја изработија како Икеа - систем. Се комплет, со бушење, кантирање, итн, го кошташе 900евра. А од мајстори, еден му побара 1800, друг 1600евра (пријателска база).

До скоро, занаетчиите идеа 1:1, ама слушам дека сега е 1:2.  :)

Оти сите денес знаеме да работиме во 3Д програми нели :D

Колку време потроши колегата на дизајнот,цртањето и местењето прашај го,
па ќе излезе приближно до цената што му ја дале мајсторите.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Вработување
« Одговори #5178 на: 15 Април 2025, 11:29:58 am »
Немаат фирми, не плаќаат данок и не сносат никаква одговорност за тоа што (не) го направиле.

И оправдано било да земат 3-5 илјади евра работна рака.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Вработување
« Одговори #5179 на: 15 Април 2025, 11:36:26 am »
Дечки сега за се имаш туторијали па ако те бива и имаш некој основен алат лесно се склупуваат кутии т.е плочест мебел.
Ама кујна сам да си правиш мало морген, ти ќе ја направиш ама на ништо нема да личи.

Ако се работи за едноставна кујна, и те како можеш сам да ја правиш, а да личи одлично. Колега сам си правеше. Ја нацрта во солид, некои лица од солопром му дадоа насоки, и му ја изработија како Икеа - систем. Се комплет, со бушење, кантирање, итн, го кошташе 900евра. А од мајстори, еден му побара 1800, друг 1600евра (пријателска база).

До скоро, занаетчиите идеа 1:1, ама слушам дека сега е 1:2.  :)

Оти сите денес знаеме да работиме во 3Д програми нели :D

Колку време потроши колегата на дизајнот,цртањето и местењето прашај го,
па ќе излезе приближно до цената што му ја дале мајсторите.

Двајцата ја цртавме. Грубо, 2 дена по 4/5 саати, и тоа со барање видеа на јутуб (има многу екс-ју, што објаснуваат како се зема мерки, на што да се пази при монтажа, итн) и он сам ја склопи за 3 дена. ( За 2 викенда работа, заштедени 1000евра)
Од кога ја склопи кујнава, му се отвори дизната, и си направи регал и чевларник.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Вработување
« Одговори #5180 на: 15 Април 2025, 11:39:57 am »
Само кујна е проблем бидејќи е специфична и мора да биде по мерка. Затоа и дерат со цена.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 246
Одг: Вработување
« Одговори #5181 на: 15 Април 2025, 11:54:23 am »
Дечки сега за се имаш туторијали па ако те бива и имаш некој основен алат лесно се склупуваат кутии т.е плочест мебел.
Ама кујна сам да си правиш мало морген, ти ќе ја направиш ама на ништо нема да личи.

Ако се работи за едноставна кујна, и те како можеш сам да ја правиш, а да личи одлично. Колега сам си правеше. Ја нацрта во солид, некои лица од солопром му дадоа насоки, и му ја изработија како Икеа - систем. Се комплет, со бушење, кантирање, итн, го кошташе 900евра. А од мајстори, еден му побара 1800, друг 1600евра (пријателска база).

До скоро, занаетчиите идеа 1:1, ама слушам дека сега е 1:2.  :)

Оти сите денес знаеме да работиме во 3Д програми нели :D

Колку време потроши колегата на дизајнот,цртањето и местењето прашај го,
па ќе излезе приближно до цената што му ја дале мајсторите.

Двајцата ја цртавме. Грубо, 2 дена по 4/5 саати, и тоа со барање видеа на јутуб (има многу екс-ју, што објаснуваат како се зема мерки, на што да се пази при монтажа, итн) и он сам ја склопи за 3 дена. ( За 2 викенда работа, заштедени 1000евра)
Од кога ја склопи кујнава, му се отвори дизната, и си направи регал и чевларник.

Тоа е супер и јас сум за diy пристап ама ајде и да ја направиме вистинската математиката а не man math.
Двајца сте цртале вкупно 10 часа  така да ајде да речеме дека трудот за дизајнот со времето што сте го потрошиле вредат околу 10 000.
Три дена склупувал и сигурно имал и  помош па тука додади уште  6 000 по ден.
Ако немаш дома убодна и штрафилица еве да додадеме уште минимум 6 000.
Значи кујната реално го коштала:

900 + 150 + 300 + 100= 1450

Значи стварно заштедил а бонусот е што и научил нешто ново и ако немал алат добил и нешто што ќе му остане за следни проекти.
Нека пази само оти скапо хоби е столарството  ;)
А мене поентава или муабетот ми е дека треба да ги земеме сите фактори во пресметкиве и да си го цениме и нашиот труд и трудот на квалитетните мајстори, за нели на крај да го добиеме посакуваниот резултат.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Вработување
« Одговори #5182 на: 15 Април 2025, 12:02:56 pm »
Здраво,

Потребен ми е работник за главна работа во продавница/магацин со пар споредни активности. ССС, предност има ако има малку фат околу машинство. Се работи со лежишта (лагери) од познати светски брендови. Тест период е 3 месеци со плата од 40К. После тој период ако се е ок, 50. Фулл пријавено законски.
К-15 и годишни бонуси има. Возачка да има е пожелно но работата не е со кола. 
Идејата е дека барам стабилен човек за подолго. Да не е повеќе од 45 години старост, предност е помлад. Физички да е спремен, некогаш ќе треба да се подигне или премести некој лагер. Со оглед дека е мала фирма (4ца) сите работат и знаат се.  Препорака од други форумџии е предност

Работно време од 08-15 а секоја трета недела 08-15,30 и таа недела работи и во сабота 08-12.
Се работи за https://lagermax.mk/  контакт на страната.


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Вработување
« Одговори #5183 на: 15 Април 2025, 12:10:27 pm »
@Tomce наштелувај шарките, имаш различна луфта (зјај)  :)
И после некое време сподели искуство за чешмава. Дали држи млака вода, или е константно врела.(информација од фб-експерти ми е прочитана)  :)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Вработување
« Одговори #5184 на: 15 Април 2025, 12:21:19 pm »
Никој погоре не спомна нарачка на мебел од фирма која ќе ти измери, нацрта, изработи, качи на 5ти спрат и монтира. Притоа ќе даде плати на вработените, ќе им плати придонеси, ќе плати данок, ќе плати индустриска струја итн.

Се спомнуваат само подрумски мајстори, без фирма, со дискутабилно знаење.

И после државата не ја бива. Е не ја бива. Сите гледаме да го заебеме системот, па системот не ни чини.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Вработување
« Одговори #5185 на: 15 Април 2025, 12:49:06 pm »
Незнам од кај се тие цени, реално иде 1:1 со материјалот и тоа е некоја реална цена. Ако материјалот е 1000е, и мајсторот би земал 1000е. Не е баш едноставно со обична шрафилица да се склопи, има многу убави механизми за кои требаат шаблони и многу прецизност и многу алат. Сега и материјалот е многу поскапен, па секоја грешка да се преправи е многу скапо.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5186 на: 15 Април 2025, 13:30:35 pm »
Беспари ако може мајсторот да ти работи. Ако треба и он тебе да ти плати, што си му овозможил привилегија да ти влезе дома и да се грее на твоето парно 5-6 саата додека ти работи.

Претпоставував дека ќе има ваков коментар.

Ок е 1 према 3 да биде разликата? Бидејќи сега е 1 према 3, претходно беше 1 према 2. И намерно не спомнувам суми, туку сооднос.

Е сега следен коментар ќе биде понуда - побарувачка.

Вака се генерира "инфлација". А не е инфлација, туку е алчност. Нека потпише договор со извршна клаузула, нека плати данок и нека е одговорен за производот што ти го прави, па ќе му платам и 1 према 4. Ама ако не направи тоа што е договорено, е тогаш ќе го наплатам јас соодносот.

А најчесто "дај ми 1000 евра на рака капар, па барај ме од понеделник".

Не реков дека е океј еден према три. Ама не е океј ни 6% како што сугерираше Џимни.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Вработување
« Одговори #5187 на: 15 Април 2025, 15:21:48 pm »
Имам пријател мајстор за кујни, и ликот заработува ненормално многу. Си има мајстори кои кога се доста зафатени, лупаат цени од ракав, па ако помине, помине, и на твојот проект ке дадат предност, само заради тоа што си платил дупло од реалната вредност. Она што @Tomce го спомнал погоре, за 10000Е. Затоа и ги имаш мајстори на кои ке им дадеш 1000Е капар, па потоа не можеш да го најдеш на телефон.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Вработување
« Одговори #5188 на: 15 Април 2025, 15:39:56 pm »
Зошто да не се  јави?! Ке се јави и ке пее друже за 20 евра ако не  ке јаде “цигански” ќотек… тоа кај најдат тие превранти така прават не се јавува зафатен бла,бла. Јас кажав да не е батко Mikus грешка во пишување 60% , да не мислел на 6 па направил грешка кој има да плати и сака да плати 60%нека плати.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Вработување
« Одговори #5189 на: 15 Април 2025, 15:51:10 pm »
Зошто да не се  јави?! Ке се јави и ке пее друже за 20 евра ако не  ке јаде “цигански” ќотек… тоа кај најдат тие превранти така прават не се јавува зафатен бла,бла. Јас кажав да не е батко Mikus грешка во пишување 60% , да не мислел на 6 па направил грешка кој има да плати и сака да плати 60%нека плати.

Сакаш да кажеш дека на 1000 евра материјал, он треба да земе 60 евра за неговата работа?
Да речеме дека неговата работа опфаќа "само" трипати доаѓање на лице мето, земање мерки, правење цртежи, корекции по желба на корисникот, идење до солопром, правење нарачка, товарење, истоварување, носење на материјалите до 5ти спрат, два дена склопување и евентуално уште еднаш да дојде за корекции. Најверојатно никој не може сма да го постигне ова, па еве ќе земе чирак и ке треба него да му даде 10 евра од "купчето" од 60 евра.

Делува фер.

П.С. Ако не се лажам ти имаше пост дека бараш ракија за макс 150 денари литро и да не трескаат од земја со цена повисока од таа, не?