Јас пак не гледам така на работите. 2500 нето да речеме, 500€ една соба е во тој дел, е сега ако сакаш цел стан ти е 800 можеби и повеќе не знам. За храна не знам колку би потрошил. Многу од форумов сигурно го знаат Бранко кој издава соби во Минхен и Карлсфелд, во куќата негова има над 30 Македонци, сите земаат по 2000 нето(макс.) и работат плус миниџоб(кој има време), смештајот беше по 300€ од човек, сега бил 400, ама живеат двајца/тројца цимери во една соба од 20 м² со заедничка кујна и WC, или пак сам во соба од 10тина квадрати(кревет и фрижидер) исто со делење на кујна и WC со други. Живеев и таму и во Минхен со моите и за неколку месеци заштедивме сума од над 15к€ (фамилијарно 4ца, но само родителите работеа, јас работев миниџоб ама парите си ги чував), исто така имам пример другар 2 години постар кој само што заврши средно отиде да вози комбе за DHL и си купи кола од 7000€ за една година, ама после работа си идеше и спиеше, воопшто не не дружеше. Па сега види размисли.