Морам да споделам едно искуство за една работа за која однапред го знаев исходот, ама ете, сакав да ја истерам.
Аплицирав за оглас во администрација. Накратко како иде постапката, има 3 фази.
Прва фаза е административна селекција (факс, просек, искуство, сертификати и сл) и тука бев второрангиран, првиот ми бегаше за 0,22.
Втора фаза е испитот, општ дел (теорија) и странски јазик, освоив топ поени и избив на прво место.
Трета фаза е интервју и тука во опсег се 20 бода. На мене како прворангиран и на второрангираниот ни доделија по 9 поени од можни 20, а тој што беше петтиот и што заостануваше 10 поени зад мене му доделија максимум 20 и изби на прво место пред мене за 1 поен.
Не дека пишав нешто ново ама ете да ја потврдиме праксата.