Пред малку дадов отказ во АМЦ,до нова година ке сум таму,значи уште 3 дена.А од 9 јануари почнувам со работа во ДРЕКСЛЕРМАЕР,каде ке имам можност за напредок,за докажување и напредување во кариерата.Од работа не се плашам,само сакам да постигнам нешто повеќе во животот,а во АМЦ од комерцијалист немам можност да напредувам ништо повеќе.Почетната плата е тука некаде,така да ништо не губам туку можам да добијам со тек на време.
Се работи по 8 часа дневно,викенд слободен,за прекувремено се плаќа 30% повеќе,обезбедена храна и превоз до работното место.И сум во првите 300 вработени во оваа фабрика,после мене ќе има вработувања на уште некои си 2 000 работници,па со кртици мртици се надевам дека ќе се пробијам на некоја повисока функција.