Куоре, мешаш баби и жаби и кажуваш нелогичности.
Намената на ноутбукот не е гејминг. Намената е мал мобилен компјутер кој лесно се пренесува како личчен багаж и може да работи одредено време без напојување. Се користи кога се оди на пат или терен каде немаш напојување со електрична енергија. На него можеш да работиш процесорски умерено захтевни апликации, да сурфаш, праќаш мејлови, гледаш филмови, слушаш музика и слично.
Намената на десктопот за гејминг е гејминг, но на него можеш да работиш многу повеќе работи. Тој неможе да биде ниту лесен, ниту мал, ниту пак може да работи без напојување со упс наменет за десктоп/воркстејшн конфигурација.
За илустрација, мојот ноутбук тежи 2.75kg и со се ташна и додатоци во ташната зафаќа помалку од 10 литри простор. Мојот гејминг десктоп без монитор тежи околу 25kg, а со монитор, звучници со појачало, тастатура и глушец сигурно над 50kg. Само куќиштето зафаќа простор поголем од 100 литри, а со останатите потребни компоненти над 200 литри.
Па според логиката на Куоре кога ќе идам на пат, авионскиот билет ќе ме чини, на пример 250 евра повратен билет до некоја европска метропола + од 150 до 250 евра за дополнителен багаж во еден правец. Како бенефит од тоа ќе имам прилика по патувањето физички да се разгибавам качувајќи го мојот компјутер до местото каде што сум сместен.