Автор Тема: MAC vs PC  (Прочитано 51824 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: MAC vs PC
« Одговори #150 на: 18 Декември 2011, 15:18:16 pm »



;D



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: MAC vs PC
« Одговори #151 на: 18 Декември 2011, 15:22:26 pm »
Не ти штима додавањето на АМД процесор во озбилен компјутер во 2011 година. И секако споредбата на АСУС монитор со оној на Епл, иначе тоа е тоа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: MAC vs PC
« Одговори #152 на: 18 Декември 2011, 15:28:32 pm »
Разликата е 1100 долара. Што сакам ќе ставам и ќе биде за класа подобро од Apple.

Него, тебе не ти боде очи на сериозен компјутер, плус Apple, плус 3800 долара, да вози 3 гига на мочани 1066 ?

Уште нешто, кај PC све е спакувано во Lian-Li.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: MAC vs PC
« Одговори #153 на: 18 Декември 2011, 15:31:03 pm »
Јас мислев дека е 2100 долари разликата...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: MAC vs PC
« Одговори #154 на: 18 Декември 2011, 15:37:50 pm »
Јас мислев дека е 2100 долари разликата...

Ти дадов хендикеп, ракија почела да делује ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: MAC vs PC
« Одговори #155 на: 18 Декември 2011, 15:41:41 pm »
Јас мислев дека е 2100 долари разликата...

Ти дадов хендикеп, ракија почела да делује ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
:D
Не го бранам Епл, далеку од тоа. Само си има свои предности. :) Секако за мрсноќа за едитинг би се одлучил за ПЦ заради тоа што ќе можам да си го чепкам кога сакам и како сакам. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #156 на: 18 Декември 2011, 15:57:19 pm »
@Osmica8
За тебе може да е весела математика и шпанско село. Јас досега сум конфигурирал стотици конфигурации од наједноставни до најкомплицирани, т.е. многу поспецифични од играчките со логото на Јаболко.

Конфигурацијата која ја наведов е поквалитетна и многу помоќна, иако е нелогична во однос на намената за која би се користела. Работна рака за склопување на конфигруацијата, ко што пиша куоре не треба да е повеќе од 10 евра. Во тоа е вклучено и конфигурирањето кое опфаќа местење на дата, време, уреди за бутирање, партиционирање и слично. Сето тоа може да го направи еден ограничен сервисер со завршено основно. Јас тоа го правев без завршено основно, т.е. додека учев основно. Гаранцијата на компонентите ја даваат производителите, а во случајов: 3 години на процесорите, 5 години на матичната, доживотно на мемориите, 3 години на дисковите, 6 години на напајањата, 3 години на графичките, 3 години за мониторот. Околу софтверот не усепав да сватам што сакаш да прашаш, нема логика прашањето.

@Deni
Најверојатно, но и таму ќе добиеш подеднакво шминка и idiot support кој ќе го платиш неколку иљадарки. Така да не гледам некоја разлика од тој аспект на кеш. Но затоа од аспект на конфигурација, кај ХП и ДЕЛЛ можеш да направиш катаљарда комбинации и да склопиш далеку помоќна машина одошто кај Јаболко.

@Coure

Феном 2 не се споредува со Нехалем. Тоа е исто ко да споредуваш атмосферски мотор 3.2 литри со 2.8 литри твин турбо супер-чарџер интеркулер. Секако и цената не е иста. Исто така е и со мониторите, тој монитор на Епл е еден од трите најдобри со таа големина и е неспоредливо поквалитетен од Асус-от. Како и да е, за ист кеш секогаш ќе купиш многу помоќна конфигурација одошто Јаболко.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: MAC vs PC
« Одговори #157 на: 18 Декември 2011, 15:59:08 pm »
Luge ne zafrkavajte......  glupo bilo da vozis na plin kola so golema kubikazam,toa e kic.......... a ok e da kupam kompjuter 3 pati poskapo odosto vredi,toa ne kic hahah
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: MAC vs PC
« Одговори #158 на: 18 Декември 2011, 16:18:54 pm »
Гојдо колку кошта софтвер не наведи за тоа самоделското чудо? И да ме интересира дали некој знае да го оптимизира софтверот со хардверот, како тоа што е кај епл направено? И немој да ми речиш дека има некој линукс сега и дека имало некое чоече шо знае, од електро, ако го најдиш ќе ти среди се на комп. Значи кажи ми каде можам јас да одам во продавница и да си купам комп како Mac Pro се да си биди перфект и да си го ладам курот 5 год?

Јас сум сведок на до сега 5-6 i7 конфигурации продадени, рамот кој е 1333мхз, работи на 1200. Па мора некој “ЕКСПЕРТ“ да се појави и да го крени на 1333. Што значи дека не е се така, просто и едноставно. Остави на страна твоите експертски познавања од страна на оверклок и тунинг на PC, што можи да направи нормален корисник на компјутер, кој мисли дека процесорот е најголемиот физички дел внатре во куќиштето, да си купи комп и да си го користи?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #159 на: 18 Декември 2011, 17:32:09 pm »
Осмица софтвер кошта од 0 до бесконечност изразено во која сакаш валута.

Значи цената варира во зависност од кои софтвери ги сакаш, за кои оперативни системи, за колку корисници. На пример, ти како архитекта би требало да знаеш дека единечни лиценси за еден корисник и еден оперативен систем за аутокад профешнл, 3д макс профешнл и есенцијални екстри и додатоци за архитекти и дизајнеи чинат повеќе пари одошто конфигурациите кои ги спомнуваме.

Притоа никаква улога не игра лепенката на куќиштето. Можеш да земеш нож и на местото на јаболката да изгравираш краставици, но софтверите подеднакво ќе те чинат.

Чисто за твоја информација, кај епл оперативниот систем се наплаќа. Можеш едноставно да го купиш без да купиш компјутер со налепници од јаболка, да го инсталираш и да го користиш. Исто така можеш да си купиш Видоус за Јаболкото, да си купиш софтвери за Виндоус и да си ги инсталираш и да ги работиш.

Или најпросто, од хардверска и техничка гледна точка, Епл нуди стандардни конфигурации како и сите останати брендови спакувани во куќиште со налепница од Јаболко. За разлика од останатите произведители, Епл има многу ограничена понуда. Во контекст на прашањето, каде можеш да купиш компјутер со конфигурација на Епл, можеш во било која продавница за хардвер. Единствено што треба да знаеш каква конфигурација на Јаболко сакаш да имаш. Можеш да ја отвориш нивната веб страна и да видиш што е во нивата понуда денес или пак да побараш нивна постара конфигурација доколку сакаш да поминеш поефтино и немаш потреба од повеќе перформанси.

На пример денес, во нивната понуда има Core i5/i7 процесори на LGA1155 со ATi Radeon 6750 - 6970 графички картички. Да избереме една Јаболкова конфигурација:
CPU Core i5 2.7GHz LGA 1155 6MB
2xDIMM 2GB DDR3 1066Mhz
HDD 3.5" 1TB ?MB
ATI Radeon 6770 512MB GDDR5
MB Unknown (Foxconn?) P61
ATX Apple Case
PSU 300W Unknown
Mouse Apple
Keyboard Apple
Camera Apple 4MP
Monitor LCD 21.5" Apple unknown(S-IPS?) panel
DVD-RW Unknown x8

Цена во Македонија: 1650 евра / Цена во УСА: 1500 долари

Од друга страна, конфигурација без налепници со Јаболки:
CPU Core i5-2300 Quad 2.8GHz LGA 1155 6MB BOX
2xDIMM 4GB DDR3 1333Mhz Simmtronics
HDD 3.5" 1TB Hitachi SATA-2 32MB HDS721010CLA332
Sapphire ATI PCX HD 6770 1GB GDDR5 HDMI/DVI/VGA   
MB Gigabyte P61-DS3-B3 LGA1155 DDR3 1333MHz SATA2 USB2.0
ATX Midi Tower Case Gigabyte LUXO X140 Black   
PSU 460W Gigabyte Superb Real Power, Silent, 12cm Fan
Mouse Logitech Laser G5   
Keyboard Logitech UltraX Premium USB   
Camera Microsoft LifeCam NX-6000 8MP
Monitor LCD 23" NEC S-IPS panel LBL Full HD 1920x1080, 5ms
LG DVD-RW Multi x16
      
Цена во Македонија: 880 евра, Цена во УСА: од 900 до 1000 долари.

Предности на поефтината конфигурација без налепници од јаболки во однос на поскапата конфигурација со налепници од јаболки:
1) Маргинално (околу 4%) побрз процесор 
2) Дупло повеќе RAM меморија
3) Дупло повеќе видео меморија на графичка картичка
4) Поквалитетна матична плоча со мноштво опции и можности
5) 50% помоќно напојување
6) Убав глушец, поквалитетен со неколку пати повисока резолуција
7) Поквалитетна тастатура
8) Поквалитетна камера со дупло повеќе пиксели при запис на слики и анимации
9) Поголем и поквалитетен монитор со еден од најдобрите панели, еден од најдобирте во својата димензија
10) Квалитетен DVD-RW кој чита и пишув дупло побрзо

Предности кај Јаболковата конфигурација во однос на онаа без јаболки НЕМА. Цените се превземени од Анхоч и Еплстор.  

На Не-јаболковата конфигурација можеш да инсталираш OS-x исто како и на јаболковата. Единствената разлика ќе биде во перформансите каде не-јаболковата конфигурација ќе биде побрза. Ако не сакаш да користиш пиратски OS-X можеш истиот да си го купиш за $30 на http://www.apple.com/macosx/.

Што се однесува до тоа со мемориите, ќе кажам: глупости. По дифолт матичната плоча ги отчитува тајминзите и фреквенциите од табела од епромот на мемориите и ги сетира автоматски. Тајмнизните и фреквенциите на сите мемории кои се продаваат се согласно JEDEC стандардите. За да работат надвор од JEDEC спецификации треба да ги подесиш мануелно, т.е. некој „ЕКСПЕРТ“ кој ништо не знае да нема друга работа и да чепка по сетинзи кои не ги разбира.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #160 на: 18 Декември 2011, 17:33:59 pm »
Не ти штима додавањето на АМД процесор во озбилен компјутер во 2011 година. И секако споредбата на АСУС монитор со оној на Епл, иначе тоа е тоа.
И Асус и Епл имаат обични кинески ЛЦД панели... Што е разликата?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #161 на: 18 Декември 2011, 17:38:44 pm »
И Асус и Епл имаат обични кинески ЛЦД панели... Што е разликата?
Дај не треси глупости.

Еплот користи еден од најдобрите S-IPS панели со феноменална електроника со реални бројки на response time - black to black . Асус-от има најефтин TN панел со тиња електроника и виртуелни xx ms response time - gray to gray.

Разлика меѓу едниот и другиот е како разлика меѓу твојот спарк и Мини Купер.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #162 на: 18 Декември 2011, 17:40:29 pm »
Не е потребна ваква дискусија и на овој форум. Познато е во светот која е разликата меѓу ПЦ и МАЦ односно што за кого е поприкладно:

МАЦ - за некој кој компјутерот му е последна дупка на свирало, кој нема захтевни потреби од компјутерска технологија и сака нешто со што нема да се заебава од аспект на проблеми но ако му треба вистински компјутер ќе оди, ќе си плати и ќе му завршат работа.

ПЦ - за некој кој не се плаши да научи нешто ново, да напредне во поглед на користење на технологијата и кој е извор на идеи. Може да добие луксузна машина а може да добие и буџет машина. Може да направи СЕ што ќе му падне на памет.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MAC vs PC
« Одговори #163 на: 18 Декември 2011, 17:41:29 pm »
И Асус и Епл имаат обични кинески ЛЦД панели... Што е разликата?
Дај не треси глупости.

Еплот користи еден од најдобрите S-IPS панели со феноменална електроника со реални бројки на response time - black to black . Асус-от има најефтин TN панел со тиња електроника и виртуелни xx ms response time - gray to gray.

Разлика меѓу едниот и другиот е како разлика меѓу твојот спарк и Мини Купер.
Ти пробувај да ме извадиш од контекст колку сакаш, ама за разлика од тебе јас знам што зборувам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: MAC vs PC
« Одговори #164 на: 18 Декември 2011, 17:41:54 pm »
Огромна е разликата во мониторите, барем како фотограф ако гледам, за фејзбук и Ексел (Нумберс) може и нема голема разлика.


Мац- Оној кој има одредена работа на компјутерот.

ПЦ - За оние кој немаат пари да купат МАЦ или си се научени на кракуван виндоус.