Море жустро станало!
Јас би ја активирал анкетава масовно на цело село, па да видиме Карклуб кола на годината која би била!
И дали ќе се поклопи со она што ќе биде избрано и од понебитните органи на државно ниво. Бар 500 гласа да збереме, да има некој кредибилитет.
Јас гласав за А класата со тоа што не го рачунам тој мотор дека постои во таа кола.
А ќе го пробам бензинецот што го препорача Симо исто така.
Голф би бил следен според мене.
ГТ86 е супер возило, да. Но, веќе е наменска кола. А наменска кола кај нас... Јок.
Киа Сид би ја ставил тука, наместо и30. Да имаше нормална боја на внатрешното осветлување може и ќе вредеше сидот.
Волвото - ајде да летаме, не пплаши сеееее, лупај цени повисоки од мечкаааа.
Клио - ништо посебно. Не би тоа.
Форд - многу го почитувам форд но несакам комбиња иако транзитот им е добар.
Пежо 208 - Не би тоа.